Сашо Клековски, лекар по образование, во македонската јавност е меѓу првите асоцијации за една од најстарите невладини организации во земјава и воопшто за македонскиот невладин сектор.Тој е еден од најгласните активисти во земјава, кој за дваесетина година успеа на сите македонски влади директно или индиректно да им наметне идеи, кои подоцна беа преточени во законски решенија. Некогашниот студентски лидер од времето на социјализмот одбива да ги прифати пофалбите дека е еден од творците на граѓанскиот активизам во независна Македонија.
Иако веќе не сте на чело на Македонскиот центар за меѓународна со работка (МЦМС), една од најстарите граѓански организации во земја ва, како ја оценувате Вашата дводецениската активност во граѓан скиот сектор и активноста на МЦМС, воопшто?
Клековски: Работите не почнуваат и не завршуваат со нас. МЦМС не е една од најстарите граѓански организации бидејќи граѓанското општество во Македонија не почнува со независноста, туку тоа е подлабоко вкоре нето во македонската историја, во периодот на преродбата и понатаму, дури и во државниот социјализам. Секако, со независноста граѓанското општество почна еден нов циклус на развој и МЦМС е значен дел од со временото граѓанско општество.
Граѓанскиот сектор во Македонија има значителни постигнувања. Најдобар доказ за тоа е што во 2013 година довербата кон граѓанските организации е на највисоко ниво, со 59,3 проценти, и е во постојан пораст од 2006 година, кога изнесувала 33,1 проценти. Една половина од граѓаните можат да наведат примери за успешни граѓански организации, како МОСТ, „Меѓаши“, „Ел Хилал“, СОС Детско село, „Хабитат“, „Полио плус“, АДИ, Хелсиншки комитет, НСИОМ, СЗПМ, СОЖМ. Секако, може и кри тички да се погледне на состојбите, но и при критиката мора да бидеме реални и да се споредуваме со регионот. Со секој четврти граѓанин вклу чен во граѓанска организација, Македонија има солидни резултати во споредба со која било земја од Балканот, но, секако, има помалку постигнувања од земји во Северна Европа, каде што девет од десет граѓани се вклучени во граѓански организации.
Кога сфативте дека невладиниот сектор може да биде силен коректор на власта?
Клековски: Моето искуство со граѓанскиот сектор почнува пред независноста, во 1988 година, во Сојузот на студенти по медицина на Македонија, потоа во Сојузот на студенти при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и продолжува во Македонскиот центар за меѓународна соработка, кој минатиот месец одбележи 20 години, а паралелно со МЦМС почнав или учествував во основањето на Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), која во 2013 година одбележи 15 години од основањето, Балканската мрежа за развој на граѓанското општество итн. Ова набројување не е за да набројам функции, туку да наведам организации што имаа, имаат и ќе имаат големи постигнувања. Најголем успех е кога следната генерација ќе успее и ќе ја надмине претходната. Затоа ме радува што МЦМС, МРФП и други организации се успешни и по моето повлекување.
Во една од последните анкети на МЦМС и на Институтот за демократија во која се мери перцепцијата на македонските граѓани кон соседите, се покажа дека Македонците како најблиски ги чувствуваат Србите, а етничките Албанци – Албанците од регионот. Но, интересен е податокот што огромен процент кај Македонците и кај Албанците ги сметаат Грците за најнепријателски сосед.
Клековски: Не станува збор за пријателство со народите, туку со државите. И да, Србија се перцепира како најблиска меѓу етничките Македонци, а Албанија меѓу етничките Албанци. Тоа е засновано на најдобрите лични искуства, како и на познавање на историјата и на културата, но, секако, и на вештината на водење на меѓудржавните односи. Властите во Србија, со исклучок на епизоди како Шешељ или Вук Драшковиќ, не ги наметнуваат отворените прашања како црквата, и ги релативизираат.
За разлика од Бугарија, која односите ги поврза со договор за добрососедство или, пак, демонстрира блискост со Атина, па Бугарија како најпријателска ја доживуваат петпати помалку граѓани од тие што имаат најдобри лични искуства со Бугарија. Четири од пет граѓани ја сметаат Грција за најнепријателски сосед, што е исклучително висока хомогеност на ставовите. Колку е добра хомогеноста во опстојувањето, толку е и лоша бидејќи ќе го отежнува договорот со Грција.
Има ли надеж дека идните генерации ќе живеат со помали предрасуди?
Клековски: Надеж секогаш постои, но надежта не е доволна. Ќе има помалку предрасуди ако постојат политика и активности во образованието и во медиумите и во други подрачја, кои ќе овозможат запознавање со другиот. Клучен непријател на тоа е етноцентризмот на политичките партии за свои теснопартиски интереси.
Своевремено МСМС работеше интензивно и сѐ уште е активен на меѓурелигиски дијалог. Сметате ли дека разликите меѓу радикалните христијански и исламски активисти може да ја втурнат Македонија во сериозна криза?
Клековски: Религијата била потиснувана и маргинализирана со децении и нејзиното враќање во општествените текови се доживува драматично од поединци. Нема ништо радикално во јавното практикување на религијата. Одреден простор пополнуваат и недомашни разбирања на религијата, без разлика дали се конзервативните православни кругови од Света Гора, или радикалните сунитски движења од арапскиот свет.
Дали тие движења можат да ја втурнат Македонија во сериозна криза не зависи од тие радикални активисти, туку од нас. Верските институции треба што подобро да се интегрираат во општеството за да се намали странското влијание. Јавен интерес е домашното христијанско и исламско верско образование што подобро да се интегрира во јавното образование, односно да се обезбеди јавно финансирање подеднакви услови на верските училишта и факултети за да се спречи странското влијание, кое доаѓа со странските финансии.
Целото интервју можете да го прочитате на Република.Тој е еден од најгласните активисти во земјава, кој за дваесетина година успеа на сите македонски влади директно или индиректно да им нам