Сашо Василевски: На ВМРО ДПМНЕ му одговараат избори во секое време и тоа што побрзо

Пратеникот Сашо Василевски присуствуваше на Дијалогот на политичките партии  од централно и источно европските земји ЦЕЕ и Народна република  Кина од 6 до 7 октомври во Будимпешта, Унгарија.Пратеникот Сашо Василевски во изјава за Пулс24 истакна дека ја преставувал ВМРО ДПМНЕ на овој голем настан и по тој повод имаше и соодветно  обраќање.
Во делот на билатералните средби пратеникот Василевски оствари значајни средби со неколку европски авторитети.
 
Како што информираше пратеникот остварени биле значајни средби со Иво Јосиповиќ, поранешен претседател на Хрватска, Виктор Понта, поранашен премиер на Романија и Виктор Орбан премиерот на Унгарија.
 
На билатералните средби пратеникот Василевски ги повтори позициите на ВМРО – ДПМНЕ во однос на престојните избори дека сите услови се исполнети и повеќе не постојат аргументи за одложување на изборите кои ги наметна опозицијата, а доказ за тоа е избирачкиот список кој не остапува од последните избори.
 

 
Василевски на средбите ги потврди заложбите на Владата за реформскиот процес кој започна по извештајот на Прибе и очекува дека силна динамика на реформите да продолжи после изборите, и очекува уште еден позитивен извештај на европската комисија со препорака за почеток на преговорите со ЕУ.
 
Според Василевски, на ВМРО ДПМНЕ му одговараат избори во секое време и тоа што побрзо бидејќи според најновите анкети победата на ВМРО ДПМНЕ е зациментирана и тоа беше соодветно пренесено на авторитетите во Европа.
На средбите со делегациите од сестринските народни партии се потенцираа економските реформи и реформите во правосудството.
 

 
Не постоеше средба каде не ни беше нотиран економскиот напредок, напредокот во намалување на сиромаштијата и намалување бирократските процедури за отварање на нови бизниси и итн вели Василевски.
 
Заклучокот на средбата беше дека постои простор за проактивен пристап кон желбата на Кина да се позиционира на европскиот пазар,а бенефитот секако ќе го почуствуваат европските економии.Пратеникот Сашо Василевски во изјава за Пулс24 истакна дека ја преставувал ВМРО ДПМНЕ на овој голем настан и по тој повод имаше и соодветно &n

Пронајдете не на следниве мрежи: