Во јули, Илон Муск го објави вториот дел од стратешкиот план за развој на Tesla Motors во следните 10 години. Една од точките е создавање на беспилотен автобус, кој треба да направи револуција во системот на јавниот превоз. Место во него ќе може да се резервира преку паметен телефон, односно како патникот ќе биде земан или од најблискиот шатл, или од оној кој минува по оптималниот пат за патникот.Концептот на овој транспорт треба да го видиме следната година. Но, тогаш Илон Муск ќе задоцни, бидејќи Русите веќе се подготвени со своето видување за темата.
Проектот е изработен од Државниот научен центар на Руската Федерација (ФГУП). Проектот работи на истиот принцип: транспорт по нарачка, која се одвива преку смартфон.
Беспилотното возило го носи името „Шатл“ и веќе е во движење. Максималната негова брзина сепак е 25 км/ч. Дизајнот на возилото е дело на тимот кој го развива проектот „моторизираната придружба“ за Путин и неговите најблиски.
Моделот изгледа прилично импресивно на изглед, но се најавуваат промени. Можни се промени и во техничкиот дел.
Во моментов „Шатл“ се потпира на два електромотори со моќност 20 kWh – по еден на секоја врата. Тие се напојуваат од два акумулатори на блокот, дозволувајќи остварување на километража од околу 200 километри.
Должината на комбето е 4,6 метри, широко е 2,0 метри, високо е 2,5 метри. Во салонот има шест седишта и шест места за стоење. Напред и назад „Шатл“ изгледа идентично, а двете врати се опремени со рачки.
„Шатл“ е опремен со радар за блиска и далечна акција, ултразвучни сензори, неколку камери и лед сијалици. Сите овие компоненти се увезуваат, но програмите што ја контролираат работата се со руско производство.
Кога и кој ќе започне со сериско производство – не е јасно. Креаторите велат дека проектот се заштитува „од самиот врв“.Концептот на овој транспорт треба да го видиме следната година. Но, тогаш Илон Муск ќе задоцни, бидејќи Русите веќе се подготвени со своето видувањ