Саудиска Арабија повика на бојкот на Мајкрософт поради овој збор!

Никој не очекува онлајн системите за преведување да бидат совршени, но исто така е јасно дека терористичките организации не би требало да ги изедначува со суверени држави.Токму тоа му се случило на „Мајкрософт“ и неговиот пребарувач „Бинг“, поради што жестоко реагираше Саудиска Арабија.
Властите во Ријад буквално полуделе откако преводот на „Бинг“, за зборот Даеш (арапски акроним за Исламска држава) бил „Саудиска Арабија.
Откако грешката била откриена, Саудијците повикаа на бојкот на овој пребарувач. Од „Мајкрософт“ изјавиле дека „инцидентот се истражува“ и дека грешката е исправена во рок од неколку часа.
Оваа грешка на ИТ гигантот доаѓа во време на меѓународни сомнежи и обвинувања дека Саудиска Арабија е главниот финансиер на сунитскиот екстремизам во светот, пишува „Раша тудеј“ и потсетува дека постојат сомнежи за вмешаност на оваа држава во нападот на Кулите близначки во 2001.
Рускиот сервис укажува и на извештајот на „Викиликс“ од 2009 година кој открива дека официјален Ријад е „главен финансисер на Ал Каида, на сунитскиот екстремизам, на талибаните и останатите терористички организации“.Токму тоа му се случило на „Мајкрософт“ и неговиот пребарувач „Бинг“, поради што жестоко реагираше Саудиска Арабија.

Пронајдете не на следниве мрежи: