Савески: СДСМ постави европски рекорд на малку сработено во првите 100 дена

Членот на Президиумот на Левица професорот Здравко Савески на својот фејсбук профил го изрази своето незадоволство од реализираното на Владата на Заев во текот на 100 дена.-Си поминаа првите 100 дена од новата влада. И? Толку малку сработија што можеби е постигнат рекорд на малку сработено во први 100 дена од која било влада во последните децении во Европа. Дотолку НИШТО не сработија. Уште зборуваат во идно време, како допрва да им почнува мандатот.
Но, не берете гајле, оние дечките што се напикаа во Министерството за вистината и што земаат народни пари за да ја ловат и девалвираат секоја критичка мисла за „новата“ власт, тие ќе ви кажат, спокојно, да им дадеме шанса. Една година. Или две. Или десет. Е тогаш ќе сфатите дека нешто сработиле, дајте им шанса. Вие живуркајте во меѓувреме, мачете се да врзете крај со крај, гледајте како не можете да си го дозволите она што претходно воопшто не ви било проблем, но дајте им шанса. Зошто и тие да не сркнат од медот? Зарем Грујо имаше ексклузивно право на тоа!?, напиша Савески.
-Си поминаа првите 100 дена од новата влада. И? Толку малку сработија што можеби е постигнат рекорд на малку сработено во први 100 дена од која бил

Пронајдете не на следниве мрежи: