Граѓанското движење за одбрана на Македонија вечерва од Битола со неколку илјади граѓани јавно кажа „НЕ“ за вандалското уништување на македонската непобитност.Две години по ред опозиционерите бараа да се излезе на избори, ги добија на 24 април. Бараа да се пролонгираат, рече на граѓанскиот собир, музичарот и граѓански активист, Сашко Савевски.
-Сега се на 5 јуни, па кога бараат избори нека излезат и да им дадеме шанса на граѓаните на Република Македонија, да одлучат што сакаат? Дали сакаат вака мирољубиви луѓе, или пак узурпатори на државен имот, вандализираат со фрлање на разни бои, рече тој.
Според Савевски, не може и нема да се дозволи уништување на македонската историја и култура.
-Јавно истакнуваме – „не“ за вандалското уништување на македонската непобитност, „не“ на вандалското сквернавење на македонските споменици, на македонската историја и култура, рече Савевски.
Протестниот марш се одвиваше од споменикот на Стив Наумов до споменикот на Филип Втори на Широк Сокак во БитолаДве години по ред опозиционерите бараа да се излезе на избори, ги добија на 24 април. Бараа да се пролонгираат, рече на граѓанскиот собир, музичаро