Саздо Трајков со солзи во очите се потсети на тортурите од УДБА и порача: „Македонија не ја даваме“

На промоцијата на едицијата „Црните страници на УДБА“ на Државниот архив на Република Македонија во Велес каде присуствува повеќе од 300 граѓани, емотивно обраќање имаше 88-годишниот Саздо Трајков, кој бил следен од УДБА во периодот од 1946 до 1990 година.Трајков кој во тоа време бил следен и важел за „непријателски“ расположен кон системот, со солзи во очите се потсети на тортури на УДБА и порача, Македонија не ја даваме.
-Бев осуден на три години, бевме 15 ученици од велешката гимназија. Господ гледа ниеден од нив не остана, останав уште јас на 88 години. Поминавме многу маки во затворот Идризово со панталони и блузички, на земја сме лежеле грб со грб се топлевме, поминавме многу тешки маки, но ете Господ даде сите си дојдовме дома, истака тој.
Трајков додаде дека откако биле пуштени дома уште поголеми маки претрпеле тие и нивните семејства.
-Фамилиите наши, моите деца, синот и ќерката плачејќи се враќаа дома oд школо и кога ќе ги прашав зошто плачете ми одговараа, тато ти не знаеш професорот на сите учениции ќе им рече, деца пазете меѓу вас има ученици чии родители се судени за ВМРО, истакна Саздо Трајков.
На крајот тој додаде дека и денес има многу луѓе кои се спротиставуваат на нашиот идентитет, но треба да им се каже на сите дека Македонија давала жртви ако треба и ќе дава, но Македонија не ја даваме.Трајков кој во тоа време бил следен и важел за „непријателски“ расположен кон системот, со солзи во очите се потсети на тортури на УДБА

Пронајдете не на следниве мрежи: