Деструкцијата која медиумите блиски до СДСМ, а финансирани од СОРОС ја демонстрираат на дело, ја манифестира нивната нервоза и сакаат со таквата политика да го покријат нивното распродавање на државните интереси и државата, како и носењето на Тиранската Платформа, велат од Спортскиот центар „Борис Трајковски“.СДСМ по секоја цена сака да оцрни нечиј личен углед или да дискредитира некоја успешна институција или успешен проект на ВМРО-ДПМНЕ. Таков е и случајот со неколку дневната медиумска хајка од страна на медиумите на СДСМ и СОРОС, каде што по секоја цена се обидуваат да го нарушат угледот на директорот Златко Перински и успешното работење на еден од најголемите и најдобри спортски центри на Балканот, Спортскот центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ.
За нашата успешност како институција говори и податокот што во 2016 година Друштото за прв пат ќе оствари добивка и со самото тоа е постигната целта на основањето на Друштвото – економично и домаќински стопанисување со државен имот. Да потенцираме дека ова се случува во сериозна политичка криза во државава, која е наметната и креирана од страна на СДСМ.
Во рамки на спортскиот центар фунцкионираат спортски сали, базен, аква парк, тениски игралишта, фитнес капацитети, лизгалиште за хокеј и рекреативно лизгање, како и многу други можности кои се во функција на сите граѓани. Сето ова е изградено во време на ВМРО-ДПМНЕ, додека пак во време на СДСМ не можеше да се замисли вакво нешто.
Да потсетиме дека СДСМ во нивното владеење ги раскрчмуваа државните стопански и институционални капацитети, притоа затворајќи 684 такви капацитети, присвојувајќи го државниот имот во рацете на нивните олигарси.
Денес, тоа не е случај, денес ние одговорно менаџираме со спортскиот центар Борис Трајковски, притоа инвестирајќи во нови капацитети и содржини, како отворен базен, нова затворена тениска арена и гимнастичка сала.
Ниту една политичка мотивирана хајка против спортскиот центар, личниот углед и интегритет на директорот Златко Перински не може да ја прикрие продажбата на државните интереси која во моментов ја спроведува СДСМ.СДСМ по секоја цена сака да оцрни нечиј личен углед или да дискредитира некоја успешна институција или успешен проект на ВМРО-ДПМНЕ. Таков е и случ