Деструктивната предизборна кампања што ја води СДСМ која се базира на безидејност и измислени лаги се потврди и во Свети Николе каде младите од СДСМ Свети Николе на опозициските портали објавија фотографии од улицата „Младинска“ која е оштетена, но заборавиле да напишат дека таа во моментот е пред целосна реконструкција.Граѓаните потенцираа дека старите фотографии што ги објавиле СДСМ нема да им помогнат да дојдат на власт и дека не им треба голата критика што ја прави СДСМ во Свети Николе туку им требат проекти кои се реализираат и затоа СДСМ на 5 јуни ќе си ја добијат погубната лекцијата како да постапуваат со народот.
Од Локалната самоуправа Свети Николе кажаа дека во Свети Николе интезивно се работи на реконструкција на улиците во градот.
Па така досега целосно е извршена реконструкција со промена на водоводната мрежа на улиците „Рахилка Гонева“ и „Цветан Димов“, извршена е реконструкција на улиците „Ленинова“, „Кочо Рацин“, „Плоштад Илинден“, „Септемвриска“, „Ванчо Ангелов“, а во тек е промена на водоводна мрежа и поставување на нов асфалт на улица „Ангел Трајчев“. На двете најпрометни улици „Крсте Мисирков“ и „Младинска“ во тек е реконструкција со промена на водоводна и канализациона мрежа и поставување на нов асфалт. Со завршување на тендерска постапка нов асфалт ќе добијат улиците „11 Отмоври“, „Гоце Делчев“, „11-та Македонска бригада“ и други улици, каде севкупно на над 6000 метри се во тек или се асфалтирани и реконструирани улици во градот, пишува Курир.
Од локалната самоуправа укажуваат дека ги разбират потребите на граѓаните каде бараат да секаде се изврши реконструкција или изградба на улици во градот и општината, но во рамките на можностите се даваат максимални напори да се обезбедат средства за што поголем опфат на улици и патишта за подобрување на патната инфраструктура.
Во општина Свети Николе со владата и локалната самуправа Свети Николе предводена од ВМРО-ДПМНЕ досега се реконструирани и завршени следните локални и регионални патишта: реконструкција со нов асфалт Свети Николе- Овче Поле, Свети Николе – Горобинци – Ѓуриште, нов пат Ерџелија – Кадрифаково, нов пат до Археолошки локалитет „Била Зора“, нов пат до излетничко место брана „Мавровица“, пат од Свети Николе до Пробиштип, реконструкција Ерџелија – Мустафино, реконструкција Свети Николе – Немањици, Амзабегово – Црнилиште, крак Пеширово – Ерџелија, Црнилиште – Сарамзалино, експресен пат Велес – Штип кој поминува низ општината, и други патишта, а од осбено значење е и изградбата кој е во тек на автопатот Скопје – Свети Николе – Штип.
Граѓаните потенцираа дека старите фотографии што ги објавиле СДСМ нема да им помогнат да дојдат на власт и дека не им треба голата критика што ја п