Според информациите, Министерството за финансии на денешната аукција за хартии од вредност се задолжи за 27,2 милиони евра, а утре доспеваат за враќање само 7,8 милиони евра.
Министерот Тевдовски побрза да се правда, но дилемата останува зошто СДС одлучи да пиовлече цели 3 милиони евра повеќе од тоа што беше објавено во проспектот.
Со последната аукција, за само еден месец, владата предводена од СДС ја задолжи државата со над 60 милиони евра по основ на издавање на државни хартии од вредност.
Од овие 60 милиони евра граѓаните досега не видоа ништо. Минималната плата не е покачена на 16.000 денари како што ветуваше Заев, ниту пак просечната плата се покачи на 30.000 денари. Докторите сеуште ги очекуваат ветените 100.000 денари плата, а нема отпочнато ниту 1 километар од новите 500 километри автопат кои СДС ги ветуваа како капитална инвестиција.
До пред само еден месец СДС секојдневно го напаѓаше издавањето на државни хартии од вредност. Јавноста се прашува колку ли ќе ја задолжеа државата доколку не беа толку лицемерни и не се спротиставуваа на овој начин на финасирање на буџетот.Според информациите, Министерството за финансии на денешната аукција за хартии од вредност се задолжи за 27,2 милиони евра, а утре доспеваат за вра