СДС е вистинска временска непогода за македонското земјоделие. СДС наместо покачувањата и поволностите за земјоделците кои ги ветуваше за време на изборите, крати од буџетот за земјоделие без око да им трепне, изјави на денешната прес-конференција Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ чиј говор во продолжение ви го пренесуваме интегрално.Заев во текот на февруари оваа година ветуваше интервентен фонд од 6 милиони евра. Тој фонд го нема, а пари за тоа не се предвидени во ребалансот. Затоа има зголемување во ставката за плати за администрацијата со што го подготвуваат теренот за полнење и на министерството за земјоделие со партиски послушници и потрчковци.
Излегоа на виделина лицемерието и лагите на СДС со кои изминатиов период ги труеја граѓаните. Заев во текот на изборите ветуваше 160 милиони евра годишно за субвенции за земјоделците, за сега наместо ветеното покачување да прави кратење од 100 милиони денари во ставката за рурален развој.
СДС со полна уста зборуваше како се потребни повеќе пари за капитални инвестиции и за подобрување на инфраструктурата во секоја смисла, за сега од позиција на власт да крати цели 128 милиони денари од буџетот на министерството за земјоделие намeнети за капитални инвестиции.
Гледајќи ги кратењата во буџетот за земјоделие лесно се заклучува дека на СДС не им се битни граѓаните од Источна и Југоисточна Македонија. СДС крати пари за најосновната потреба на граѓаните-водата. СДС крати од парите наменети за хидросистемот „Злетовица“, акумулација која треба долгорочно да го реши проблемот со наводнување и водоснабдување на над 100.000 жители во североисточниот дел на Македонија, ќе го реши проблемот со наводнување во овој регион и ќе продуцира електрична енергија. Тоа е безчувствителноста на СДС.
СДС безсрамно крати и 4 милиони денари за проектот Јужна Вардарска долина, проект кој ќе овозможи зголемена продуктивност и одржлив развој на земјоделското производство во регионот на јужното повардарие.
СДС се што вети излажа. СДС не им мисли добро на земјоделците и на граѓаните на Република Македонија и тоа од ден во ден е се поочигледно.
Заев во текот на февруари оваа година ветуваше интервентен фонд од 6 милиони евра. Тој фонд го нема, а пари за тоа не се предвидени во ребалансот.