По цели три месеци, откако Оливер Спасовски успеа да ги инсталира неговите партиски војници во МВР и максимално да ја патизира полицијата, започна и прогонот на Македонските патриоти кои на 27 април направија се со цел да го спречат државниот удар кој се случиОд слободна држава во која секој имаше право на протест, право да каже што мисли и да протестира, некогаш дури и насилно и за тоа, во име на демократијата да биде помилуван, денес под режимот на СДС, Македонија станува феудално општество каде наместо правда се спроведува инквизиција.
Вечерва, по цели три месеци од државниот удар во Собранието на Р.Македонија, партиската полиција на Оливер Спасовски извршила насилен упад во домот на претседателот на МПЗ „Андон Лазов Јанев – Ќосето“ со цел да изврши претрес.
Во изјава за „Инфомакс“, претседателот на здружението Горан Ангелов вели дека во неговиот дом влетале осумина полицајци, кои пред неговото семејство му се заканувале, иако тој не пружал никаков отпор.
По завршување на претресот, одземен му е линиот компјутер и неколку телефонски апарати.
Во меѓувреме, претседателот на државата Ѓорѓе Иванов молчи, иако граѓаните се погласно параат аболиција за обвинетите патриоти кои превземаа соодветна акција на 27 април со цел спречување на државниот удар.
Иванов, сеуште се нема произнесено по барањата на се погласните граѓани за помилување на оние кои беа присутни на 27 април, по примерот на ослободување од одговорност на насилниците од платеничката револуција.
Горан Ангелов, освен тоа што е претседател на патриотско здружение, е и екс-припадник на специјалната единица „Лавови“ каде што беше и генерал.Од слободна држава во која секој имаше право на протест, право да каже што мисли и да протестира, некогаш дури и насилно и за тоа, во име на демокр