СДС во намерата да ги партизира институции гази по законите, но што е уште полошо го загрозува целокупниот систем на социјална заштита во државата, изјави на денешната пресконференција Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.-Владата на СДС, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска во кратка и нелегална постапка разреши 18 директори на меѓуопштински центри за социјална работа и со тоа го отежна функционирањето на овие установи кои секојдневно ги решаваат проблемите на речиси 2 милиони граѓани во цела Македонија. СДС без правна основа, без соодветен аргумент, водени само од слепата омраза и желба за власт ги разрешија директорите на центрите за социјална работа во Скопје, Валандово, Берово, Кочани, Кратово, Свети Николе, Радовиш, Ресен, Струмица, Гостивар, Прилеп, Битола, Неготино, Крива Паланка, Делчево, Куманово, Кавадарци, Штип, како и 5 директори на установи за социјална заштита: Завод за рехабилитација Бања Банско, Завод за социјални дејности, Дом за деца 11-ти Октомври, Дом за доенчиња- Битола,како и Јавна установа за баратели на азил, истакна Ласовска.
Таа порача и дека единствена причина за разрешување на овие директори кои се професионалци во својата област е омразата кон ВМРО-ДПМНЕ. СДС на дело ја спроведува заканата дека ќе брка од работа и ќе вработува од чистачка до директор со партиска книшка на СДС.
-Разрешувањата на директорите во најголем дел се спроведени кукавички во време кога го користеле законски утврденото право на годишен одмор. Меѓу овие професионалци кои совесно и одговорно ја вршеле функцијата има и лица лица кои освен разрешување добиле и отказно решение и со тоа се оставени без егистенција и на улица. На виделина излезе целокупното лудило на СДС. Тие се тргнати во процес на партизирање на администрацијата на сметка на професионализмот, рече Ласовска.
Таа потенцираше и дека отпуштаат и разрешуваат лица само затоа што се вработени или вршеле претходни функции во претходниот период, а врз огромен број вработени се врши мобинг и закани за сами да си поднесат оставки, откази или да бараат преместување.
-Ова е фашизмот кој СДС го спроведува од кој штета нема да бидат кариерите на стотици и илјадници вработени, туку и професионалноста и функционалноста на институциите и целиот ситем во Република Македонија, заврши Ласовска.-Владата на СДС, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска во кратка и нелегална постапка разреши 18 директори на меѓуопштински цент