На првиот ден од мандатот, наместо презентирање на план за носење на „животот“ и канализацијата во Арчиново, кандидатот на СДС Милкије Халими се поклони пред „мачениците“ од УЧК кои загинаа во селото, додека вршеа етничко чистење на Македонското население во текот на 2001-та година, пренесува Инфомакс.Пред голем број на присутни лица, пуленот на Зоран Заев и кандидат на СДС за Арачиново Милкије Халими на првиот ден од нејзиниот мандат се поклони пред мачениците на УЧК кои загинаа во текот на 2001-та кога во терористички напади вршеа етничко чистење на Македонското население во ова село.
Во Арачиново во 2001-та загинаа и седум Македонски бранители кои со живот ја бранеа целовитоста на Р.Македонија, а меѓу големиот број на повредени беше и сегашниот „коалиционен“ партнер на Зоран Заев, привезокот Стојанче Ангелов, кој исто како и неговиот стопан немаше храброст да го спречи ваквото плукање и непочитување кон Македонските бранители.
Зоран Заев заедно со Оливер Спасовски минатата година оддадоа почит и на загинатите терористи од Диво Насеље, а веднаш по завршувањето на акцијата се фотографираа со јатаците на терористите.
Во Арачиново загинаа седумина Македонски бранители.
Ацо Ангеловски 23, од Скопје, убиен од заседа
Кирил Петрушевски 23, од Скопје, убиен од заседа
Ерол Готак 27, од Радовиш, убиен од заседа
Атанас Јанев 25, од Струмица (Моркиево), загинат од снајперски оган
Никола Пехчевски 25, од Берово, ЕСЗ Тигар, загинат од снајперски оган
Александар Стојчев 29, од Пинтија (Скопје), загинат од снајперски оган
Оливер Китановски 21, од Башино село (Велес), ЕСЗ Тигар, го губи животот по пет дена во болница од повреди од шрапнели
Сите загинати во Арачиново, загинати во одбрана на Скопје и Македонија од страна на терористите пред кои денес се поклони градоначалникот на СДС и нејзиниот лидер Зоран Заев.Пред голем број на присутни лица, пуленот на Зоран Заев и кандидат на СДС за Арачиново Милкије Халими на првиот ден од нејзиниот мандат се поклони
Пронајдете не на следниве мрежи: