СДС и Заев долго време го подготвуваа теренот за ваквиот монструозен акт

ВМРО-ДПМНЕ во денешното пишано соопштение најостро го осудува обидот за убиство на Никола Тодоров.ВМРО-ДПМНЕ подолг период наназад предупредуваше на последиците од насилството што го промовираа СДС и нивните невладини, соросови сателити. Сега јавноста може да ја види катастрофата од деструктивната политика која следи како нуспродукт од насилничкото враќање на животот, се наведува во соопштението.
На првиот ден од доаѓањето на власт, како што посочуваат од партијата, сведоци сме на подмолен и вооружен напад врз Тодоров, кој благодарение на присебноста успеа да го избегне атентаторот.
– СДС и Заев долго време го подготвуваа теренот за ваквиот монструозен акт. Долго време го напаѓаа и навредуваа Тодоров нарекувајќи го „Министер смрт“. Таканаречената „Шарена револуција“ и СДС долго време ширеа хистерија и повикуваа на насилство. Одговорност мора да има, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
МВР, како што посочуваат, се уште молчи и за поставените бомби во семејната куќа на пратеникот Антонио Милошоски.
– Срамното, насилничко и деструктивно однесување на СДС мора да запре. Одговорноста не е само кај вооружениот насилник или кај оние кои ја подметнаа бомбата. Одговорност имаат и оние кои подолг период наназад ги поттикнуваа на вакви кукавички чинови, се додава во соопштението.ВМРО-ДПМНЕ подолг период наназад предупредуваше на последиците од насилството што го промовираа СДС и нивните невладини, соросови сателити. Се

Пронајдете не на следниве мрежи: