СДС има пари да вработува и да ангажира дополнителни советници во министерството за култура, а нема пари за вреднување на културните успеси

СДС има пари да вработува и да ангажира дополнителни советници во министерството за култура, докажани партиски војници, учесници во шарената револуција, членови или управници на невладини организации, членови во Соросоодните организации, а нема пари за вреднување на културните успеси. Укинувањето на титулата национален уметник е порака кон тие кои го добиле ова признание дека не го заслужуваат и затоа таа титула треба да престане да се доделува, изјави на денешната прес конференција Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.Тој вели и дека СДСМ водени се од слепа омраза кон политичкиот противник и затоа страдаат граѓаните, културните дејци и општо целокупната култура во Македонија.
-Тие во нивната програма предизборна, а и постизборна ветуваа „Живот во Македонија“ и културен развој во Македонија, а сега го покажуваат целото свое лицемерие. Покажуваат дека ниту некогаш се интересирале за културата, ниту пак ќе се интересираат во иднина. Крајно деградирачкиот однос на СДС кон македонската култура продолжува. Откако ги укинаа на средства наменети за проекти од културата, сега се навредуваат културните дејци кои со својот лик и со своето дело, и со својот труд ја задолжиле нашата татковина, односно и тие кои во иднина ќе заслужат оваа иста титула, потенцира Јовановски.
То прашува и како поинаку да се толкува одлуката на владата на СДС да го укине признанието Национален уметник.
-Алаѓозовски и СДС со укинувањето на титулата Национален уметник го обезвреднуваат делото на уметничките величини како Симон Трпчевски, Милчо Манчевски, Есма Реџепова Теодосиевска, Ана Дурловски, Борис Трајанов, Никола Маџиров и уште многу други дејци кои се доволно големи светот да им се поклонува, а медиокритетите на СДС воопшто да  не ги почитуваат. Во услови кога македонската култура, јазик и идентитет се нападнати и оспорувани, овој удар кој го зададе СДС е најболниот бидејќи доаѓа од внатре од своите. Ова е своевиден негаторски однос кон дострелите и придонесот на овие великани во македонската култура и оневозможување некои идни нови генерации уметнички и културни дејци да се закитат со вакво признание. Тоа е крајно дестимулирачки. Материјалните средства за овие уметници никогаш не биле пресудни тие да можат да творат и создаваат како внатре во нашата татковина така и надвор. За нив признанието Национален уметник е своевидна сатисфакција за нивната кариера која е веќе признаена многу одамна во Европа и ширум во светот и која диретно ја промовира македонската култура насекаде, истакна Јовановски.
Тој рече и дека титулата Национален уметник, не е воспоставена поради една, друга, трета или четврта вест. Оваа титула е воведена да се вреднува придонесот во културата на сите наши сегашни, но и идни културни дејци кои со својата работа и со своето творештво ја промовирале и ќе ја промовираат Република Македонија и нејзината култура насекаде во светот.Тој вели и дека СДСМ водени се од слепа омраза кон политичкиот противник и затоа страдаат граѓаните, културните дејци и општо целокупната култура в

Пронајдете не на следниве мрежи: