СДС ја има одговорноста да се грижи за земјоделието и не смее заради несериозниот пристап да страда основна гранка за егзистенција на многу семејства во државата. Земјоделците се соочуваат со сериозен проблем со откупот на праски и ситуацијата е алармантна, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ кое во продолжение ви го пренесуваме интегрално.Откупната цена на праските во Македонија е на ниско ниво од околу 20 денари. Цената на праската лани беше 35 денари, а истата достигнуваше и до 50 денари за прва класа.
Додека Министерството за земјоделство беше раководено од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во 2016-та година за разликата од производната до продажната цена на некои земјоделски култури се исплаќаа надоместоци кои ги покриваа трошоците од временските непогоди кои им штетеа на производите.
Земјоделците поради важноста на оваа гранка секогаш беа приоритет на Владите на ВМРО-ДПМНЕ и секогаш сме имале слух и сме ги решавале проблемите правовремено. СДС не смее да ги игнорира реалните проблеми на земјоделците. СДС ја води владата и мора да почне да работи. Земјоделците очекуваат новата влада на СДС да ги решава проблемите со кои се соочуваат земјоделците.
Граѓаните од СДС ги очекуваат најавените проекти и мерки, а не само најави за укинување, блокирање и уривање. Граѓаните од СДС ги очекуваат најавените 16.000 денари минимална плата и 30.000 денари просечна плата и тоа веднаш, а не за неколку години. Лекарите очекуваат 100.000 денари плата како што СДС им вети.
Граѓаните од СДС очекуваат нови 500 километри автопат и 30.000 денари на крајот на годината од поврат на 15% на потрошениот ДДВ кое СДС го вети како една од основните мерки кои ќе ги спроведе.
Граѓаните не сакаат некој да ги влече за нос и да си поигрува со нивната егзистенција и судбина.
Граѓаните сакаат работа и посветеност, како што тоа го правеше владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.Откупната цена на праските во Македонија е на ниско ниво од околу 20 денари. Цената на праската лани беше 35 денари, а истата достигнуваше и до 50