СДС се заплеткува во лаги и постојани изговори

Сега треба да ја видиме разликата како оваа влада што моментално е на власт ќе ги решава сите проблеми, дали знаат и имаат капацитет. Ние како ВМРО-ДПМНЕ добро ги решававме сите проблеми и не бегавме од проблеми што е најважно, ако бегате од проблеми тие еден ден ќе ве стигнат и повторно ќе станат ваши проблеми и морате да ги решите, вели Владо Мисајловски на денешната панел дискусија „подобри и различни: ВМРО-ДПМНЕ градеше автопатишта, а СДС стопира“.Гледаме дека се заплеткуваат во лаги и постојано кажуваат колку е тешко да се работи, точно е тешко е да се работи, но секој што би се нафатил да биде на таква позиција мора секој ден да свикува состаноци  и да ги решава проблемите. Ова се едни од најголемите и најкапитални проекти во Република Македонија, со децении не се граделе вакви автопати и ние имавме можност да добиеме едни поволни кредити што ни овозможија да започнеме да се градат тие автопати. Како министер кога бев последен пат на делницата од Кичево кон Охрид таа беше некаде 48 проценти изградена и беа потрошени некаде околу 130 милиони евра и тоа значи дека на некаде 50 проценти се потрошени 130 милиони и останува до договорот да се комплетира околу 3.704 милиони евра, вели Мисајловски.
Тој потенцираше и дека на секој автопат кога и да се гради секогаш ќе се појавуваат предизвици , но сето тоа се решава.
-Може да видите ВМРО-ДПМНЕ колку проекти изгради низ цела Македонија и постојано се градат, тоа значи истото и за градоначалниците и за сите институции кои што се поврзани со еден дел во инфраструктурата. Но освен автопатите ние како ВМРО-ДПМНЕ започнавме и многу други патишта, како експресните патишта се изгради патот Велес-Кадрифаково, или од Велес до Штип, тоа е експресен пат кои се реализираше речиси во целост и тоа е многу капитален проект бидејќи поврзува многу населени места. Исто така се започна од Штип до Кочани експресниот пат, сега треба да се потпише уште еден договор Штип-Радовиш, исто така од Охрид до Пештани ќе се гради нов експресен пат, се гради патот од Прилеп до Градско и ете наеднаш осетивме дека им се појавија проблеми и дека им е утната трасата на СДСМ, бидејќи тие гледаат само како се гради, а не го сработуваат тоа, истакна Мисајловски.
Тој вели и дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ биле предвидени освен автопатите и експресните патишта беа предвидени и многу регионални и магистрални патишта кои дел се градат, а дел треба да започнат да се градат.Гледаме дека се заплеткуваат во лаги и постојано кажуваат колку е тешко да се работи, точно е тешко е да се работи, но секој што би се нафатил да б

Пронајдете не на следниве мрежи: