Помина еден месец откако СДС насилно изведе сценарио за избор на претседател на Собранието флагрантно кршејќи го Уставот, низа закони и Деловникот за работа на Собранието. Собранието сеуште нема никаква активност која би била барем обид за излез од кризата во државата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.Фактот дека и по еден месец од изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието, во истото нема никаква активност и фактот дека СДС се уште ги кочи клучните и неминовни процеси во државата, како одржувањето на редовните локални избори, покажува дека СДС, очигледно, со намера го изведе сценариото од 27-ми април, за дополнително продлабочување на кризата.
СДС секогаш се однесува калкулантски, ставајќи ги теснопартиските интереси и приоритети пред државните.
СДС секогаш се служи со интриги и манипулации со цел да ја дефокусира јавноста од вистинските проблеми кои секогаш тие ги причинуваат.
СДС и собраниското мнозинство имаат одговорност за пролонгирање на локалните избори со што се става под знак прашалник ефективното функционирање на локалната самоуправа.
Република Македонија и нејзините граѓани не треба да ја плаќаат сметката за антидржавното делување на СДС. Државата не смее да трпи, економијата не смее да стагнира, граѓаните сакаат да одат напред. СДС мора да овозможи одржување на локалните избори, а со нив и предвремени парламентарни избори, кои се вистинско долгорочно решение за државата.
Додека СДС со својата деструкција се заканува да ја уназади Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ не запира со проектите за доброто на сите граѓани. Претседателот Никола Груевски во последната недела посети неколку капитални проекти кои се во крајна фаза на реализација.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ стави акцент на инфраструктурата, градејќи три автопати паралелно, се работи на делниците Демир Капија-Смоквица, Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид. Се градат и експресните патишта Битола-Буково-Ресен и Штип-Кочани.
ВМРО-ДПМНЕ го отпочна и проектот за целосна гасификација на државата, паралелно градејќи три гасоводни крака. Инвестиравме во здравството како никоја Влада до сега, во нова медицинска опрема, обука на кадар и реновирање и изградба на медицински установи.
Евидентна е разликата, а граѓаните знаат да препознаат! ВМРО-ДПМНЕ гради и создава, додека СДС сее деструкција и омраза. Граѓаните сакаат напредок, наместо стагнирање, граѓаните сакаат излез од политичката криза, токму затоа локални избори веднаш, парламентарни заедно со нив!Фактот дека и по еден месец од изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието, во истото нема никаква активност и фактот дека СДС се уште ги