ДС треба да престане да се однесува како опозиција и да почне да се однесува одговорно кон граѓаните. СДС пред изборите вети 550 километри автопати и 600 километри магистрални патишта, изјави на денешната пресконференција Божидар Петрески.-Досега не се почнати ниту 100 метри. Очигледно СДС има проблем да да организира да се довршат и веќе започнатите бидејќи за тоа треба работа и знаење, а не само гол популизам. Се наоѓаме пред започнатиот автопат Кичево – Охрид кој требаше да влее надеж за граѓаните на овој дел од Македонија и да го поврзе нашиот туристички бисер со остатокот од државата. Поради неодговорно однесување на новата влада изградбата на овој автопат е прекината. СДС измислува проблеми и го политизира овој случај за да ја оправда неспособноста. Ваков витален проект СДС го користи за дневно политички потреби притоа неземајќи ја предвид важноста на изградбата, вели Петроски.
Тој потенцираше дека секаде во светот при изградба на големите инфраструктурни проекти, се појавуваат одредени проблеми, но задача на одговорните ресори е да пронајдат решенија за отстранување на тие проблеми и навреме да се довршат овие проекти за кои потребно е многу време да се подготват и да се реализираат.
-Исто така секој ден одложување на изградбата значи и загуба за економијата и туризмот поради лошата инфраструктурна поврзаност и слабиот проток на возила која постои во моментов. Покрај овој се проблематизира и пуштањето на автопатот Демир Капија-Смоквица за банални причини. Една од причините е дислокација на електричен столб, а втората е одобрение за градба на диспечерски центар на страната на Неготино. Овие работи може да се решат за неколку дена, но очигледна е незаинтересираноста на министерот Сугаревски да сработи нешто. Прекината е и градбата на автопатот Штип – Миладиновци поради изградба на мост кој е на барање и во корист на локалното население. Се проблематизира и изградбата на експресниот пар Прилеп – Градско кој треба да помогне на граѓаните побрзо и побезбедно да патуваат преку клисурите, истакна Петроски.
Тој рече и дека овие инфраструктурни проекти треба да помогнат во економскиот развој и во безбедноста на сите граѓани во Македонија. СДС ја покажа својата неспособност и незаинтересираност за изградба на веќе започнати автопатишта, а камоли да отпочне со реализирање на нови. Граѓаните очекуваат резултати, а не глумење опозиција и бледи оправдувања за неспособноста.-Досега не се почнати ниту 100 метри. Очигледно СДС има проблем да да организира да се довршат и веќе започнатите бидејќи за тоа треба работа и зна