Боде во очи тоа што со доаѓањето на власт на СДС почнаа да се кршат законите и уште првите денови видовме разрешување на директори и веднаш именување на нови директори, тоа е нормално и во секоја држава се случува кога ќе дојде нова власт да се донесат и нови директори и министри и останата структура во државните институции, но кај нас се случува нешто многу поразлично бидејќи не се почитуваат законите, вели Невенка Стаменковска на денешната панел дискусија: „ПОДОБРИ И РАЗЛИЧНИ: СДС ја партизира администрацијата“.За едно лице да биде назначено за директор во некоја државна институција мора да ги почитува законите и одредбите во законот кој се предвидени. Јас како пример ќе го земам именувањето на Спасе Глигоров за директор на агенцијата за администрација, а тоа е пример за кршење на законот наместо тоа да е лицето кое што треба да ги спроведува сите постапки за вработување во државната и јавната администрација. Со негово именување Владата дава гаранција на 26 јуни дека Спасе Глигоров ги исполнува сите законски услови за да биде именуван како директор, но во тој момент тој се уште е член на извршниот одбор на СДСМ и со тоа се крши законот, потоа тој предлог е пратен до Собранието и дури на 30 јуни Спасе Глигоров со изјава на нотар потврдува дека не е член на високо партиско тело и ова е второто кривично прекршување на законот, потенцираше Стаменковска.
Таа истакна и дека ова лице според неа е далеку од она лице кое ќе ги спроведе сите понатамошни постапки за вработување во државната и јавната администрација.
-Она што последно го прави СДС со новите 13 советници меѓу кои Бубо Каров и ќерката на Тито Петковски кои се малку чудни ликови за да влезат во рамки на Владата, а тоа што сега тие повторно го прават е кршење на законите објавувајќи огласи за специјални советници и овие специјални советници не ги исполнуваат условите и на тој начин именуваат различни лица кои што на многу други начини одработиле за СДС.За едно лице да биде назначено за директор во некоја државна институција мора да ги почитува законите и одредбите во законот кој се предвидени. Јас