СДСМ бега од избори заради непрочистен список, а не дава предлог како да се прочисти

Обвинувањата на опозицијата за непрочистен избирачки список се параван, односно алатка на СДСМ за одложување на изборите. Партијата на Заев која избега од избори заради наводно непрочистен список, одбива да даде предлог како истиот да се прочисти. Прашањето кое се наметнува во јавноста е што прави сега ДИК, односно дали во меѓувреме се завршени одредени забелешки нотирани пред се од најголемата опозициска партија СДСМ, која поради страв од сочување со волјата на народот, прочистувањето на избирачкиот список го користи како алиби за бегство од избори.Ќе дојде и септември, а опозицијата и нејзините функционери и поддржувачи и понатаму ќе велат дека избирачкиот список не е прочистен и поради тоа услови за избори немало, иако мнозинството членови на ДИК ги усвои извештаите за прочистување на избирачкиот список и истиот е прочистен. СДСМ, кој избега од избори заради наводно непрочистен избирачки список, одбива да даде предлог како тој да се прочисти. Експертите сметаат дека нема законска препрека ДИК да ја продолжи својата работа.
-Последната одлука на Уставниот суд со која беа прекинати предизборните активности не ја спречува Државната изборна комисија да продолжи со постапката на прoчистување на Избирачкиот список, вели универзитетскиот професор Темелко Ристески, според кого одлуката на Уставниот суд се однесува само за предизборните активности.
Универзитетската професорка Тања Каракамишева- Јовановска вели дека Државната изборна комисија, освен што во моментов ја интересира колку пари ќе инкасираат нејзините членови за сработеното од активностите преземени во претходниот предизборен период, треба да биде заинтересирана и за останатите прашања што се нејзина директна законска обврска и надлежност.
-Ова тело е професионално организирано, што значи дека има обврска секојдневно, постојано и посветено да ги извршува законските обврски и надлежности што јасно и прецизно му се утврдени во Изборниот законик. ДИК е професионален изборен орган кој мора постојано и во континуитет да работи на прочистување на Избирачкиот список. Тоа е негова основна работна обврска. Се добива впечаток дека откако Уставниот суд ги запре изборните дејствија, на ДИК како да и олесна, и никаде ја нема да каже пред јавноста што конкретно преземаа во изминативе неколку недели во врска со прочистувањето на Избирачкиот список, и што ќе преземат во наредниот период. Да ги потсетиме дека само изминативе неколку недели беа сосема доволен период да се преземат сите евентуално непреземени дејствија, вели Каракамишева- Јовановска.
Таа одава дека јавноста не може да сфати, ниту може да објасни како е можно ДИК да тера со ваква ноншалантност и незаинтересираност за работата што и е законска надлежност.
-Јавноста ја прашува ДИК дали е свесна дека е највисок изборен орган во земјата. Без разлика на предлозите што пристигнуваат од странските претставници околу можното надминување на апсурдниот проблем околу наводната проблематичност на Избирачкиот список, аргумент што СДСМ постојано го користи како сламка за спас од избори, ДИК, ако е вистински професионален и одговорен орган на Република Македонија, мора да одговори и да се носи со своите обврски на професионален и одговорен начин. Во спротивност, ако чекаат друг да им ги преземе обврските, тогаш под итно нека си поднесат колективна оставка. Нивната неспособност барем нека биде основа за заштеда на народните пари. Јавноста има право да знае што работи ДИК во моментов, и како најповикан и најодговорен државен орган да каже што презема и што ќе преземе околу прочистувањето на Избирачкиот список. Дали и натаму стои на ставот дека Избирачкиот список е прочистен, со што уште еднаш паѓаат сите тези на СДСМ во вода, или одлучиле да дигнат раце од своите законски обврски и одлучиле да чекаат некој друг да им го реши „проблемот“. Јавноста мора да биде информирана што прави ДИК со народните пари, како се однесува кон своите законски обврски, како и да биде информирана дали некој ќе сноси правна одговорност поради непреземање на должностите од функцијата што ја носат, вели Каракамишева- Јовановска.
Избирачкиот список е само изговор за СДСМ да не оди на избори
Oд почетокот на политичката криза e јасно дека СДСМ не сака избори и дека негова единствена цел е да дојде на власт и да остане што е можно подолго, по можност до редовните избори во 2018 година, вели политичкиот аналитичар Владимир Божиновски.
-Веќе на сите им е јасно дека условите што СДСМ ги поставува се само изговор за да не излезе на избори. Тоа му успеа двапати, но сега работите не одат во негова корист. Поради тоа, раководството на СДСМ мора да го храбри своето членство дека наскоро ќе се формира некаква концентрациона, широка коалиција или техничка влада, иако знаат дека нема да се случи и дека избори ќе има тогаш кога опозицијата ќе собере храброст да се соочи со гласачите, вели Божиновски.
Според него, јасно е дека Избирачкиот список е прочистен и дека СДСМ не може да игра на таа карта. Потребно е да се најде начин Зоран Заев конечно да се натера да дојде на избори.
– Можеби треба да се формира комисија во Собранието од сите партии која ќе направи проверка и мониторинг на Избирачкиот список за СДСМ да нема изговори да бега од избори. Во СДСМ мора да разберат дека за да ги прифатат граѓаните, мора да имаат платформа и програма – нагласува Божиновски.
Политичкиот аналитичар е дециден дека рејтинзите покажуваат дека СДСМ на изборите, кога и да се одржат, ќе доживее убедлив пораз и дека не успеал да ја зголеми поддршката кај гласачите.
Членовите на СДСМ и со бојкот на седниците ќе се опарат со плус 3.000 евра за изборите што не се одржаа
Иако изборите на 5 јуни се откажаа, целиот состав на Државната изборна комисија ќе добие по 3.000 евра за изминативе четири месеци, покрај редовната плата што изнесува по речиси 1.000 евра. Ова значи дека на сметките на деветте члена на Kомисијата ќе легнат по 4.000 евра. Иако дополнителните приходи законски се покриени, првпат има ситуација ДИK да се офајди со пари и без спроведени избори, пишува Дневник.
Одлука за исплата на парите веќе е донесена, потврди вчера за весникот членот на ДИK Бедредин Ибраими и сега чекаат парите да бидат префрлени на сметка. Ибраими објаснува дека без оглед на тоа што изборите не се одржаа, парите што треба да ги земат се за прекувремена работа и за ангажман за изборниот процес. Освен Ибраими, вчера ниту еден негов колега не сакаше да зборува за 4.000 евра кои треба да ги земат.
– Нема ништо спорно во одлуката за парите што ни следуваат. Плус половина плата од декември до април е за прекувремена работа според Законот за работните односи. Во функција на прочистување и ажурирање на Избирачкиот список, на методологијата, на вкрстувањето на податоците и на терен, работевме, наместо осум, и по 16 часа дневно. Што се однесува до надоместокот за избори од по 1.000 евра, тие ни следуваат за еден месец, односно од распишувањето на изборите – изјави Ибраими.
Од ДИK велат дека одлуката за плус пари важи за сите нејзини членови, без оглед на тоа што членовите на ДИK од СДСМ, Дума и Милев извесен период ги бојкотираа седниците на Kомисијата. Нивни колеги објаснуваат дека тие работеле на прочистувањето на Избирачкиот список и дека во знак на револт само ги бојкотирале седниците на ДИK.
Парите, се разбира, никој не ги бојкотира, ниту тука има проблем со списокот и потписот на претседателот на ДИK.Ќе дојде и септември, а опозицијата и нејзините функционери и поддржувачи и понатаму ќе велат дека избирачкиот список не е прочистен и поради тоа у

Пронајдете не на следниве мрежи: