Без никаква дебата, СДСМ ќе ја крои судбината на медиумите. Владата подготвува нов закон за реформи во медиумите без притоа да ги слушне ставовите на медиумската фела. Законот експресно ќе се најде во Собранието веќе следната недела.Министерот без ресор Роберт Поповски денеска информираше дека во понеделник на еврокомесарот јоханес Хан ќе му соопштат дека законот ќе бил ставен во собраниска процедура.
Партијата и нејзиниот лидер кои постојано најавуваа дебата за реформи во медиумскиот сектор, сега подготвуваат Закон кој треба експресно да помине без Собранието без никаква јавна дебата.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вчера информираше дека токму притисоците врз медиумите од новата власт биле една од главните точки на неговите средби во Брисел.
-Укажав и на чуствителноста од притисокот и заканите врз сопствениците на медиумите, врз медиумите и новинарите. Вво Македонија постои една од најлошите ситуации во историјата на Македонија во која „се гуши медиумскиот простор и се тераат сите медиуми да информираат само афирмативно и никако критички за новата Влада, што не е добро за демократијата“, зијави Груевски.Министерот без ресор Роберт Поповски денеска информираше дека во понеделник на еврокомесарот јоханес Хан ќе му соопштат дека законот ќе бил ставен