Зоран Заев молчи, а СДСМ одбива да одговори пред јавноста по кои критериуми ќе го избере претставникот во ад хок телото кое треба да ги мониторира медиумите пред изборите.Дел од медиумите објавија дека новинарските организации на состанокот со раководството на опозициската СДСМ категорично одбиле да учествуваат во консултациите за ад хок телото и во изборот на главен уредник на МТВ. Според информации кои од СДСМ ги добиле дел од медиумите, за овие функции се пријавиле 28 кандидати.
КУРИР два дена бара одговор од СДСМ на прашањата кои се од интерес за јавноста. На службениот мејл каде уредно ги испративме нашите прашања ни беше вратена само автоматска порака дека маилот е примен и дека на истиот ќе ни биде одговорено. По два дена, одговор нема.
СДСМ молчи по кои критериуми кандидатите ќе бидат избрани и дали партијата ќе формира Комисија. Од најголемата опозициска партија нема ниту одговор дали ќе има интервјуа на кандидатите и дали однапред е утврдено како тие ќе се бодуваат.
Од партијата на Заев нема одговор ниту на прашањата дали ќе имаат право на жалба кандидатите што се одбиени, а исто така СДСМ молчи и за имињата на лицата што конкурирале.
Останува енигма и зошто претставници на Македонската асоцијација на новинари (МАН) не биле повикани на вчерашната средба на потпретседателката Радмила Шекеринска со новинарските организации. Дел од медиумите вчера објавија дека новинарските организации, меѓу кои и ЗНМ одбиле да учествуваат во формирањето на ад-хок телото.
Јавноста засега нема одговори на овие прашања. Останува нејасно како сега СДСМ ќе го избере својот претставник од 28-те пријавени кандидати, колку што објавија опозициските медиуми. Ад хок телото, кое ќе работи до крајот на предвремените избори, треба да има пет члена.
Секоја од четирите партии предлага свој претставник, а потоа тие со консензус треба да го изберат петтиот член. Според договорот, еден член од ова тело задолжително треба да биде Албанец. Краен рок за формирање на ад хок телото е 19 август.Дел од медиумите објавија дека новинарските организации на состанокот со раководството на опозициската СДСМ категорично одбиле да учествуваат