Се надеваме дека сите политички партии потписници на договорот од јуни/јули ќе го почитуваат истиот, ќе учествуваат на изборите на 24 април и на тој начин ќе го забрзааат интегративниот процес за Република Македонија и нејзините граѓаниПратеникот Александар Николоски во рамки на својата посета на Берлин, Германија оствари средба со пратениците во Германскиот Бундестаг Тобиас Зек, Ханс- Петер Ухл, Волкер Улрих и Вилфред Оелерс.
На средбата Николоски ги запозна соговорниците со актуелните политички случувања, имплементацијата на договорот од Јуни/ Јули, изборите на 24 април, евроатлантските интеграции на Македонија и справувањето со бегалската криза имајќи предвид дека Германија е најпогодена земја во ЕУ, а Македонија е на главната рута на бегалците.
Соговорниците ја истакнаа потребата од одржување на изборите на 24 април согласно договорот заради завршување на политичката криза во Македонија и справување со предизвиците
По средбата Тобиас Зек, пратеник во Германскиот Бундестаг ја даде следната писмена изјава:
“Писмена декларација за парламентараните избори на 24 април во Република Македонија
Изборите се најважниот дел на секоја демократија. Тоа е денот кога граѓаните ги избираат своите претставници. Ниту една партија, организација или институција не може да го попречи ова право.
Ги поздравуваме и поддржуваме парламентарните избори на 24-ти април во Република Македонија како најголема демократска можност за граѓаните да ги изберат своите претставници во Парламентот, да изберат кој ќе ја води државата во следните четири години.
Укажуваме дека политичкиот договор од јуни/јули минатата година за надминување на политичката криза во Македонија е имплементиран со добра волја и изборите се последниот и најважниот дел од него.
Го повикуваме опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија да не ги бојкотира изборите поради сопствени теснопартиски интереси.
Бараме Државната изборна комисија и Министерството за внатрешни работи, предводено од опозицискиот СДСМ, согласно договорот од јуни/јули веднаш да ги направат сите подготовки за кредибилни избори и да го прочистат избирачкиот список што е можно поскоро, и на тој начин да обезбедат кредибилни избори.
Го повикуваме опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија да не го попречува овој процес.
Ги повикуваме сите релевантни европски институции како ОДИХР, Парламентарното собрание на Советот на Европа и Парламентарното собрание на ОБСЕ да распоредат свои набљудувачки мисии за да ги надгледуваат изборите на 24-ти април.
Ја поддржуваме интеграцијата на Република Македонија во Европската унија и Северноатлантската организација (НАТО) и укажуваме дека евро-атлантската интеграција е заедничка одговорност и на владеачките и опозициските партии.
Се надеваме дека сите политички партии потписници на договорот од јуни/јули ќе го почитуваат истиот, ќе учествуваат на изборите на 24-ти април и на тој начин ќе го забрзааат интегративниот процес за Република Македонија и нејзините граѓани.”
Средбите на пратеникот Николоски продолжуваат и денес во Германскиот Бундестаг.Пратеникот Александар Николоски во рамки на својата посета на Берлин, Германија оствари средба со пратениците во Германскиот Бундестаг Тобиас Зек,