Денешната прес-конференција има една порака, а тоа е дека СДСМ дефинитивно ја кочи работа Анкетната комисја за скандалот со прислушкувањето. Анкетната комисија која што се формираше по барање на СДСМ, која што беше еден од условите за склучување на договорот од Пржино, Анкетната комисија преку која што тие најавуваа дека сакаат да го расчистат скандалот со прислушкувањето денес е нефункционална токму поради кочењето од страна на СДСМ, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Собранието, Антонио Милошоски.Како пратеници од оваа Анкетна комисија кои што носиме одговорност и пред Собранието и пред останатите граѓаните, сакаме Комисијата да ги оствари своите надлежности и да ги оствари зацртаните цели. Да се дознае кој ја прислушкувал власта, по чии налог, во колкав голем обем и да донесеме заклучоци и препораки за никогаш повеќе во иднина тоа да не се дозволи во Република Македонија да се злоупотребат системите за комуникации и да не се нарушат правата на граѓаните.
За жал претседателот на Анкетната комисија г.Шилегов, пратеник од СДСМ и покрај тоа што има деловничка обврска како претседател на Анкетната комисија да биде прв прв меѓу еднаквите да свика седница на Анкетната комисија не го прави тоа и после барањето на осум членови на половина од членовите на Анкетната комисија поднесено пред шест дена.
Според деловникот на Собранието на Република Македонија и според деловникот на Анкетната комисија врз основа на Член 9, став 2 и 3 доколку една третина од членовите на Анкетната комисија побараат да се закаже седница во рок од најмалку два дена и истата треба да се одржи во рок не подолг од четри дена.
Пред шест дена поднесовме барање како пратеници да се закаже седница на Анкетната комисија, и да се разгледува извештајот од Управата за безбедност и контраразузнавање доставен од МВР на чие што чело е г. Оливер Спасовски кој што има државна тајна и е доставен до сите пратеници на СДСМ , ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, но претседателот на Анкетната комисија, Петре Шилегов не ја закажува оваа седница и грубо го крши деловникот на истата и грубо го крши деловникот на Собранието на РМ.
Тој кој што го предложи деловникот на Анкетната комисија и партијата која што инсистираше оваа Анкетна комисија да се формира денес имаат нешто да кријат, не сакаат повеќе седници на Анкетната комисија и очигледно е дека не сакаат да се дознае вистината за скандалот со прислушкувањето.
Затоа денеска како членови на оваа анкетна комисија поднесовме известување до Претедателот на Собранието на Република Македонија за грубото прекршување на деловникот на Анкетната комисија и на собранискиот деловник преку незакажување на регуларно и нормално отварање седница и од истиот побаравме како Претседател на Собранието да ги извести другите пратеници и во догледен рок согласно деловникот на Собранието да побара свикување или самиот да ја свика односно да ја закаже следната седница на Анкетната комисија.
Не навлегуваме во принципите зошто СДСМ бега од изборите тоа е нивно политичко право и тие треба да објаснат на своите членови и поддржувачи, но како пратеници сите сме одговорни во работните тела каде што членуваме да допринесеме за утврдување на фактите на вистината и затоа имаме одговорност да укажеме дека ова кочење во Анкетната комисија за скандалот со прислушкувањето е неприфатливо, неодговорно од страна на СДСМ и сметаме дека ги кочи политичките процеси и само има за цел да ја зголеми политичката тензија во Република Македонија.Како пратеници од оваа Анкетна комисија кои што носиме одговорност и пред Собранието и пред останатите граѓаните, сакаме Комисијата да ги оствари с