Околу 70.000 албански гласови отишле на контото на СДСМ што претставува преседан на македонската политичка сцена. Познати се голем број донатори што допреа до албанските гласачи. Неофицијално голем број на финансиски средства се делени по џамиите, изјави професорката Татјана Каракамишева во интервју на ТВ НОВА. Таа истакна дека она што го говореше ВМРО-ДПМНЕ за време на кампањата, а се однесува на Заев и неговите изјави за двојазичноста, повеќе ги разбуди албанските отколку македонските гласачи.
-Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ дека идејата на Заев е можност за промовирање на „Голема Албанија“ и можност за двојазичност и кантонизација, како повеќе да ги разбуди албанските отколку македонските гласачи. Ефектот отиде повеќе на контото на Албанците, отколку на Македонците. Зошто македонските гласачи не ја сфатија пораката којашто е многу одговорна за судбината и иднината на Република Македонија? Тука треба да се направат детални анализи, каде се случи тоа недоразбирање. Дали Заев со своите контрадикторни изјави успеа да ги разубеди своите гласачи дека тоа што го кажува во Швајцарија нема да важи во Македонија?, истакна Каракамишева.
Таа додаде дека Заев изигра игра која на крајот ќе мора да ја плати.Таа истакна дека она што го говореше ВМРО-ДПМНЕ за време на кампањата, а се однесува на Заев и неговите изјави за двојазичноста, повеќе ги разбуди