Нема да ви кажеме како сме ги примиле материјалите! Ова е првата реченица од Специјалното јавно обвинителство на нашето барање да ни кажат дали има записник и истиот да ни го достават на увид за прием на прислушуваните разговори кои Зоран Заев на 30 декември во 6 кутии ги достави во просториите на СЈО. Ако имаа записник, ќе се повикаа на член 76 и 77 од ЗКП, кој прецизно наведува што и како треба да се направи при прием на материјали кои се дел од истрага или кривична постапка. Ова значи само едно: дека во кутиите може да има било што. Зоран Заев и онака одбегна да одговори дали ги предава сите 600.000 разговори за кои бараше метар кубен простор, а донесе само 6 кутии, односно само 10% од она што тврдеше дека го поседува. И што ќе се прави со материјалите кои ги доставувал по разни луѓе за уцени и рекет?!Специјалното јавно обвинителство нема записник што и како примило од Зоран Заев и СДСМ на 30 декември 2015 година! Специјалното обвинителство примило кутии, ама нема записник што има во тие кутии, што содржат, кој ги донел, во колку часот и на кој начин ги донел. Ова скандалозно сознание на МЕДИА ГРУП МАКЕДОНИЈА го потврдија и од специјалното обвинителство, од каде побаравме да ни се достави записникот за прием на прислушуваните разговори. Нивниот одговор ви го пренесуваме во целост:
„Почитувани, Ве известуваме дека со оглед на сензитивноста на доставениот материјал, во овој момент нема да бидат соопштени информации за начинот на примањето на материјалите, како и начинот на нивно чување и постапување со истите. За сите натамошни дејствија, дополнително ќе бидете известени“ – се вели во официјалниот допис од СЈО.
На нашето инсистирање да ни се одговори дали воопшто има записник од приемот на прислушуваните разговори, СЈО ни одговори:
„Како што Ве информиравме, во овој момент нема да соопштиме податоци како ова јавно обвинителство ги примило материјалите (односно дали е составен записник или не), туку овие податоци ќе бидат дополнително соопштени“.
Доколку ги примиле прислушуваните разговори согласно Законот за кривична постапка, тогаш и нивниот писмен одговор до нас ќе се повикуваше на Законот и членовите кои тоа го предвидуваат.
Затоа, ние ви пренесуваме што кажува Законот, а што СЈО не направило по закон.
Членовите 76 и77 од Законот за кривична постапка прецизно наведуваат што мора да се направи при прием на материјали кои се дел од истражна или кривична постапка.
Во член 76 став (1), наведено е дека “при предавање на материјалите, мора да во записникот да се внесува називот на државниот орган пред кој се врши дејствието, местото каде што се врши дејствието, денот и часот кога дејствието е започнато и завршено, имињата и презимињата на присутните лица и во кое својство присуствуваат, како и назначување на кривичниот предмет според кој се презема дејствието.
Став (2) наведува дека Записникот треба да ги содржи суштествените податоци за текот и содржината на преземеното дејствие. Во записникот се забележува во форма на раскажување само суштествената содржина на дадените искази и изјави. Прашањата се внесуваат во записникот само ако е потребно да се разбере одговорот. Ако е потребно, во записникот дословно ќе се внесе прашањето што е поставено и одговорот што е даден. Ако при преземањето на дејствието се одземени предмети или списи, тоа ќе се назначи во записникот, а одземените предмети ќе се приклучат кон записникот или ќе се наведе каде се наоѓаат на чување.
(3) При преземање на дејствија како што е увид, претресување на дом или на лице, или препознавање на лица или на предмети (член 225) во записникот ќе се внесат и податоци што се важни со оглед на природата на таквото дејствие или за утврдување на идентичноста на одделни предмети (опис, мери и големина на предметите или трагите, ставање на ознака врз предметите и друго), а ако се направени скици, цртежи, планови, фотографии, забелешки на електронски, механички и други направи за тонско или визуелно-тонско снимање и стенодактилографски белешки, тоа ќе се наведе во записникот и ќе се приклучи кон записникот.
Член 77 став (1) наведува дека Записникот мора да се води уредно, во него не смее ништо да се избрише, да се додаде или менува. Прецртаните места мораат да останат читливи. 20 (2) Сите преиначувања, исправки и додатоци се внесуваат на крајот на записникот и истите веднаш им се предочуваат на странките и бранителот и нивните забелешки и мислења се потврдуваат од страна на лицата кои го потпишуваат записникот. ”
Ова значи дека во записникот на СЈО треба да ги има сите детали за приемот на прислушуваните разговори, но во СЈО не се повикуваат на Законот за кривична постапка, туку на сензитивноста на доставениот материјал.
При самото предавање на материјалите, Зоран Заев тврдеше дека ги предал сите разговори кои ги поседува, но не одговори дали се тоа сите 600.000 разговори за кои бараше 1 кубен метар безбедносен сеф, а достави само 10% кутии со непозната содржина.
Истовремено, се уште нема одговор дали илјадниците прислушувани разговори кои беа пронајдени во Фабриката за афери на СДСМ кај лицето Захир Бекири Чауш се копија или оригинал кој го истргале од купот и го дале за уцени и рекет.
Специјалното обвинителство најпрво му дозволи на Зоран Заев и СДСМ да ги прекрши сите рокови од Договорот од Пржино со недоставувањето на прислушуваните разговори, а не побара ниту нивно обезбедување согласно Законот за кривична постапка.
Специјалното јавно обвинителство нема записник што и како примило од Зоран Заев и СДСМ на 30 декември 2015 година! Специјалното обвинителство прими