Перцепцијата која СДСМ сака да ја создаде е исто толку хаотична како што се хаотични и самите тие во нивните бројки, оцени лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во вестите на Сител.-Едно време тргнаа со 30.000, па 100.000, па 500.000. Ние имавме 480.000 гласови значи сите наши гласови биле фантомски, се што гласало за ВМРО-ДПМНЕ во оваа држава, од прв до последен гласач биле фантомски и плус уште 20.000 не знаеме да разбереме каде биле, кај нив ли или кај некој друг, ако станува збор за 500.000. Луѓето се во тотален хаос. Тие се пред пораз. По толку напори, по толку валкани работи кои ги направија, по такво ставање на располагање на некои други сили со цел да дојдат на власт, тие сфаќаат дека немаат никаков успех, дека се прочитани од народот, дека се разобличени и дека ќе го имаат истиот пораз како што го имаа во 2014-та година, рече Груевски.
Тој потенцира дека СДСМ само бараат алиби да го оправдаат поразот, а тоа е создавање на привид дека којзнае што се случува со списоците.-Едно време тргнаа со 30.000, па 100.000, па 500.000. Ние имавме 480.000 гласови значи сите наши гласови биле фантомски, се што гласало за ВМ