Една партија е онолку силна колку што е силна нејзината идеологија и онолку силна колку што се принципелни и непроменливи нејзините ставови. За жал нашата најголема опозициска партија како да нема свој став и своја идеологија за најважните национални прашања.Откако од СДСМ веќе неколку години без престан ја критикуваа власта поради наводната антиквизација, сега преку ноќ сакаат да станат нејзини најголеми поборници.
СДСМ отворено застана против предлогот на пратеникот и претседател на Либералната партија Ивон Величковски, државните институции да се ограничат во употребата на симоболот сонце од Кутлеш и да се забрани употребата на овој симбол од партиите.
Величковски за ова подготви и закон што го доставил и до Собранието на Република Македонија. Со неговиот предлог закон се предвидува и казни за оние кои и понатаму би го употребувале овој симбол.
Социјал-домократите нема да гласаат да се ограничи употребата на сонцето од Вергина. Немаат намера да гласаат за законот, а велат дека немаат ниту морална обврска да поддржат иницијатива на Ивон Величковски.
Знамето е историски симбол на Македонците и нема причина да не се употребува, беше одговорот на нашата најголема опозициска партија.
Чудно СДСМ ја обвинува власта за антиквизација, но сепак нема да гласа за иницијативата на либералите за забрана на употребата на шеснаесеткракото сонце. Дали со ова паѓаат во вода долгогодишните обвинувања за антиквизација, бидејќи сега СДСМ поддржува антички симбол, кој секако е дел од тој измислен процес.
Но ова не првпат ставовите на СДСМ радикално да бидат променети.
Пред пет години Заев повикуваша на виткање на кичмата за името.
„Не верувам дека постои политичка партија во државава која ќе има храброст да разговара за македонскиот идентитет, култура, јазик”, вели Заев. “Но, она на што можеме да се согласиме е отстапница во делот на меѓународната употреба на името во сите меѓународни институции и мислам дека овде треба некојпат и да ‘свиткаме кичма’, како што знаат старите да кажат. Премногу ни е важна економската иднина на граѓаните”, ќе изјави тогаш Заев.
За денес истиот тој Заев има сосема поинаков став.
Ние нема да дозволиме промена на нашето име, што ќе задира во нашиот идентитет, нашиот јазик, нашата национална посебност. Така што, споменувајки, Горна или Северна Македонија, тоа значи дека нема да дозволам јас да сум Горномакедонец или Северномакедонец. Имиња пред Република Македонија, или какви било други формулации се за разгледување, но без при тоа да се чепне Уставот на државата, мојот национален јазик, мојата национална посебност, мојата култура како Македонец,ќе изјави пред неколку дена Заев.
Политичката пракса во демократските општества покажува дека партиите кои имаат лесно променлив став за некои важни државни прашања, многу ретко или речиси никогаш не доаѓаат на власта, туку напротив исчезнувааат од политичката сцена.
Извор. Денешен Откако од СДСМ веќе неколку години без престан ја критикуваа власта поради наводната антиквизација, сега преку ноќ сакаат да станат нејзини најголе