СДСМ ги користи поплавите за партиска промоција

СДСМ парадираат по калливите улици, се сликаат, посетуваат домови само на нивни членови и ни пребацуваат на другите. Ниту нешто помагаат ниту ништо, си прават политика со штетите и поплавите кои ни се случија…Вака жителите на Стајковци ги коментираат посетите на Заев и раководството на СДСМ во кризните региони. Според нив на секое домаќинство во овие моменти му е потребна помош и затоа изразуваат благодарност до сите кои искрено доаѓаат во посета на регионите и домовите со желба да помогнат, а не да се сликаат како нешто помагаат само за промовирање.

-Зоран вчера помина Заев, тука стоеше на улица. Имаше пребацувања некои меѓутоа секој има свое мислење… ”
Жителите од Стајковци коментираат дека членови на СДСМ постојано на терен се обидуваат да внесат политика во оваа катастрофална ситуација, кажувајќи како за секоја работа прават поделби на граѓаните кој од која партија бил, но и дека постојано “пребацуваат“ на луѓето кои заедно со војската, волонтерите и лицата од комуналните претпријатија си ги чистат своите уништени домови. Поделби според партиска линија на граѓаните Заев и СДСМ правеле и при посетите на домовите каде се посетувале исклучиво дворовите и домовите на членовите на СДСМ.

“СДСМ гледам беа таму кај комшиите и Заев меѓутоа не се умешав ја”
 
Жителите од кризните региони денес коментираа дека членовите на СДСМ постојано го провоцирале  населението и ширеле невистини дека помош се давала само на одредени луѓе, а некои жители се жалеа дека луѓето од СДСМ правеле и намерни инциденти при распределбата на храната и водата што ја донираат Црвениот Крст и граѓаните од целата држава.
Медиумите веќе пишуваа и објавуваа фотографии со функционерите на СДСМ кои во кризните региони доаѓаат со желба само да направат што е можно поголем број на фотографии за ФБ со неколку партиски членови и веднаш потоа со своите скапи коли да заминат од кризните региони. За јавноста ваквото однесување на СДСМ кон овие катастрофални поплави и огромни штети кои се случија во државата, претставува страшно лицемерие како кон жителите од местата погодени од поплавите така и кон целата јавност во државата.Вака жителите на Стајковци ги коментираат посетите на Заев и раководството на СДСМ во кризните региони. Според нив на секое домаќинство во овие мом

Пронајдете не на следниве мрежи: