СДСМ ги оштетува плакатите на ВМРО- ДПМНЕ и го пишува нивниот број

Продолжува негативната и срамна кампања од страна на СДСМ, додека кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ главен акцент ставаат на проектите за подобар живот на граѓаните, кандидатите на владеачката партија покрај празните ветувања, се занимаваат и со валкана кампања. Последен пример е општината Центар, каде се оштетени плакатите на кандидатите за градоначалници на Скопје и Центар од ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски и Дејан Јовановски.На фотографиите можете да видите ишкртани плакати на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за Скопје и Општина Центар, а покрај тоа на плакатите од нив место бројот 13, го пишуваат бројот 19. Граѓаните коментираат дека ова се евтини потези кои имаат за цел да ја потценат интелегенцијата на секој човек. Тие порачуваат дека место занимавање со вакви работи кандидатите на СДСМ, за градоначалници како низ целата држава, така и за Центар, Саша Богдановиќ и за Скопје, Петре Шилегов, треба да направат програма со која би ја барале довербата од граѓаните.
Граѓаните велат дека е време полицијата, предводена од потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, да почне да си ја работи својата работа, но велат дека според досегашните примери во текот на кампањата, не веруваат дека овој случај ќе биде истражен, а како што велат камо ли решен.
 
Очигледната безидејност на кандидатите за градоначалници од СДСМ, кои пред граѓаните не промовираат никакви реално остварливи проекти, ја крева паниката во партијата и членството работи на негативна кампања, а не на промоцијата на она што треба да се сработи во општините. Ова е само еден од многу примери на црната кампања која ја тера власта.
Искршени се штабови на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода, Битола, демолиран штаб на Демократската партија на Србите која е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а искршен беше и штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. На удар беше и опозициската партија во албанскиот блок, БЕСА, во текот на викендов демолиран беше нивниот штаб во Бутел.

Притисок голем се прави и врз кандидатите за градоначалници. Кандидатот за градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев без било каква причина бил застанат и малтретиран од страна на претставници на МВР, а досега никој за жал не е санкциониран поради тој настан. Во Прилеп, кандидатот за градоначалник од СДСМ, заедно со пратеничката на СДСМ од Прилеп и директорот на Центарот за социјални работи, организирано делеа зејтин и останати намирници меѓу граѓаните. Во Ресен директорката на Центарот за социјални работи им се заканувала на станарите во социјалните згради дека ако не гласаат на СДСМ, треба да си ги пакуваат куферите.
Грубо прекршување на изборниот законик имаме и во Крушево, каде беше обелоденет скандал со сеча на огревно дрво, кое подоцна беше делено на граѓаните пред штабот на СДСМ во градот, секако, барајќи гласови за возврат. Претседателот на Општинската Изборна Комисија во Кисела Вода, и Кратово наместо организирање на избори одат и агитираат во кампањата на СДСМ, што исто така претставува грубо кршење на законот.
Покрај негативната кампања, членови на СДСМ прават и груби и тешки прекршувања на изборниот законик, нудејќи поткуп во општината Ранковце, потег со кој се пофалија и на Фејсбук.
Членство на СДСМ од Ранковце на Фејсбук објавија фотографии каде се фотографирани со куп пари и партиски обележја на владеачката партија. Министерството за внатрешни работи, предводено од потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски, како и за сите досегашни случки во кампањата, од кои дел и крвави, молчи и не регира, пишува порталот Денешен.

Од фотографиите до кои дојде редакцијата на Денешен, јасно се гледа членови на СДСМ на Фејсбук се фалат со пари кои се спремни за изборен поткуп.
Граѓаните се разочарани од односот на полицијата и министерот Оливер Спасовски, кои за сите овие случаи молчат и не преземаат ништо. Тие коментираат дека Спасовски, место сервис на граѓаните, ја претворил во партиски сервис на СДСМ.На фотографиите можете да видите ишкртани плакати на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за Скопје и Општина Центар, а покрај тоа на плакатите од нив место б

Пронајдете не на следниве мрежи: