Финансискиот извештај на СДСМ за првиот дел од изборната кампања отвора сомнежи за тежок финансиски криминал од страна на владејачката партија. За рекламирање, очигледно е дека се потрошени многу пари, но партијата на Зоран Заев, сака тие суми да ги сокрие од јавноста.Според финансискиот извештај, во ек на предизборната кампања за локалните избори на 15-ти октомври, СДСМ пријавуваат трошоци од само 40.000 евра, од кои само нешто повеќе од 17.000 евра се пари за кампања и пропаганда. Но, доволно е само да се излезе на улица и да ги видите билбордите или пак да отворите интернет медиуми и веднаш ќе видите дека овој финансиски извештај е фингиран.
Доказ дека станува збор за класична манипулација и кршење на законот е и тоа што СДСМ нема ставено никакви трошоци во полињата за рекламирање на телевизија, рекламирање на интернет, рекламирање на радио, нема пари за печатење програми. Експертите велат дека е доволно е да вклучите телевизор, отворите некој портал, пуштите радио во автомобил, за да се потврди дека се работи за криминал од страна на владеачката партија.
Порталите буквално вријат од банери на СДСМ. На сите позиции и по различни високи цени, СДСМ има закупено простор за рекламирање во голем број на интернет портали.
Експертската јавност вели дека во овој случај се работи за тежок криминал со парите на граѓаните. Оваа класична манипулација и кршење на законот, значи само уште една работа плус за полицијата и Јавното обвинителство.
Вкупните расходи на партијата се 2.598.256 денари, според моменталниот курс на денарот точно 42.122 евра, вели извештајот кој СДСМ го има пратено во Државната изборна комисија. Вкупните трошоци на СДСМ во досегашниот тек од кампањата се 1.062.210 денари, или во евра 17.271. Познавачите на состојбите, велат дека оваа сума не е ниту блиску до реалната на потрошени пари, со оглед на силната медиумска кампања која ја тера СДСМ.
Посимптоматично станува кога ќе се погледне дека во трошоците за кампања и пропаганда, се пресметани и 768.750 денари, или 12.462 евра, пари кои ги добила Алсат-М телевизија.
Тоа значи дека, од вкупните трошоци кои се 17.200 евра, 12.500 евра се пари кои се одлеале само на сметката на Алсат-М телевизија. Со проста математика, се доаѓа до бројка дека СДСМ за сите останати потреби во кампањата 4.700 евра.
Значи СДСМ со 4.700 евра ги плаќа рекламите на телевизија, на интернет порталите, на билбордите низ градовите, на социјалните мрежи, со овие 4.700 евра исто така се испечатени и пропаганден материја како летоци, плакати, програми, маици, запалки, пенкала и уште многу други работи кои партијата ги користат во кампања.
Иако од СДСМ реагираа на ова, на секој чекор можете да видите билборди и банери од кандидатите за градоначалници од СДСМ, а во финансискиот извештај тој трошок го нема. Инаку цената на еден билборд на фреквентно место во Скопје чини 1.200 евра месечно, а бидејќи на сите фреквентни места можеме да видиме билборди од СДСМ, се поставува прашањето како со 4.700 евра успеале да ги закупат.Според финансискиот извештај, во ек на предизборната кампања за локалните избори на 15-ти октомври, СДСМ пријавуваат трошоци од само 40.000 евра, о