СДСМ и нејзините пратеници во Собранието на 9-ти јануари 2009-та гласале против предлозите на Министерството за правда за ограничување на правото на претседателот на државата да помилува лица осудени за педофилија, дрога, тероризам и изборни нерегуларности. Истите оние кои тогаш тврдеа дека измените на законот за помилување се противуставни, сега протестираат пред Уставниот Суд.Не само стенограмите, туку и видео снимките од оваа седница покажуваат дека пратениците согласно партискиот став биле против измените на Законот за помилување. На листата се наоѓаат имињата на пратеничката Цветанка Иванова, Јани Макрадули, Андреј Петров, Марјанчо Николов и други.
Во своите дискусии пратениците на СДСМ тврделе дека ваквите измени се спротивни на Уставот. Сметале дека нема основа токму овие кривични дела да бидат издвоени. Истакнале дека секој може да се покае и ресоцијализира и дека Законот не смее да ги третира различно и построго сторителите на овие специфични кривични дела.
-Не треба да му веруваме на претседателот , на овој , на идниот, на кој и да е, затоа што тој е избран од сите овде што сме во Собрание со најголем број гласови со поддршка на голем број на граѓани и мислам дека ваквото право треба да му биде оставено. Јас тврдам дека овој закон, делови од овј закон, ќе паднат, нема да ја издржат оценката на уставност и законитост и тогаш мислам дека ќе треба веќе еднаш во оваа држава да се сносува и политчка одговорост за неуставни одредби, а за кои пратеници во ова СОбрание укажуваат на таа работа, вели пратеничката на СДСМ Цветанка Иванова на 9ти јануари 2009та. во Собранието.
Дополнително, Иванова го прашувала тогашниот министер за правда Михајло Маневски, каде во регионот и светот постои вакво ограничување на овластувањата на шефот на државата.
Но, за разлика од тогаш, истата пратеничка на СДСМ денеска има поинаков став. На својот фејсбук профил таа вчера го осудила прифаќањето на иницијативата во Уставниот Суд. Ако во 2009та сметала дека измените на Законот се против уставни, таа сега смета дека Уставните судии се срам иако тие постапуваат согласно ставот на СДСМ изразен во 2009-та.
Слична контрадикторност може да се забележи кај најголем дел од тогашните пратеници на СДСМ.
-Остануваме на ставот и тврдиме дека овој прес е противуставен, затоа што ги ограничува надлежностите на претседателот и апсолутно го доведува во прашање принципот на избор на претседател на непосредни избори, затоа што му се одземаат правата и не кореспондира со онаа јавна расправа за која што говоревме за уставнот цензус во вториот изборен круг, односно намалувањето на 40% што беше предмет на денешната пленарна седница. Дополнително со ваков закон се воведува дискриминација во РМ, затоа што за одредена група за сторители на кривични дела се констатира, со ваквите измени и дополнувања, дека не е возможна ресоцијализација, што апсолутно не е во согласнот ниту со темелните вредности на Уставот, ниту со она што значат надлежности на претседателот на републиката, рече пратеникот од СДСМ, Емилијан Станковиќ тогаш.
Вчера во писмено соопштение ВМРО-ДПМНЕ посочи дека останува на ставот дека не треба да има помилување за овие кривични дела.
-ВМРО-ДПМНЕ е партијата која и покрај противењето на СДСМ во 2009 година ги предложи измените во Законот за помилување. Со тие измени се предвиде да не може да има помилување за одредени категории осуденици како оние на кои им одредена казна за дела поврзани со избори, педофилија и слично. ВМРО ДПМНЕ останува со ист став и денес. Секој што сторил каков било криминал, треба да одговара. Таков беше ставот и кога обвинетиот криминалец Зоран Заев беше аболициран од страна на Бранко Црвенковски. СДСМ денес во препознатлив стил се обиде да ја манипулира јавноста и да лаже дека ВМРО ДПМНЕ стоело зад одлуката на Уставен суд. Затоа ВМРО ДПМНЕ отворено се сомнева дека токму СДСМ има најголем интерес за една ваква одлука, стои во сопштението од ВМРО-ДПМНЕ.Не само стенограмите, туку и видео снимките од оваа седница покажуваат дека пратениците согласно партискиот став биле против измените на Законот за