СДСМ го изгуби главниот адут во своето сценарио за компромитирање на избирачкиот список.Задачата на Чауш всушност била да креира фалсификати од документи на непостоечки гласачи кои СДСМ потоа ќе ги аргументираше со овој хаос што го создадоа со списокот. Како што дознаваме, Чауш требало да направи лажни документи на непостоечки лица. И затоа сега откако Чауш е пробиен тие бегаат, два пати напуштаат седница на ДИК и не сакаат прочистување зашто всушност списокот е добар и во него нема фантомски гласачи.
Ова е најдобар доказ дека се е во ред со Избирачкиот список, а постоењето на наводни фантомски гласови е само измислена приказна за да се одолговлекуваат изборите и одложи соочувањето со народот.
Излезе на виделина дека не се работи за постоење на фантомски гласачи, туку за страв од избори кај најголемата опозициска партија и соочување со народната волја.
Откако ВМРО-ДПМНЕ ја фрли ракавицата и се согласи да се проверат сите гласови за кои СДСМ тврдеше дека се сомнителни, тие повторно го напуштија ДИК, бидејќи немаа друг аргумент да ги кочат процесите.
ВМРО-ДПМНЕ ги извади на чистина со тоа дека им рече колку сакаат нека прочистуваат. Се нашле во небрано и не знаејќи како да излезат од таа ситуација веднаш продолжија со деструкција, напуштаа ДИК се заканувале таму со вриштење и недолично однесување.
Всушност на крај ДИК изгласа по сите точки освен една за која СДСМ напушти дека треба да се проверат 15 илјади адреси на терен. И тоа ќе се направи во наредните 10 дена заедно со други проверки по институциите и ако има недоследности ќе се решат. Но никој не очекува ништо драматично.
Експертите велат СДСМ е во офсајд и ова што им се случи е голема брука. Ова што сега ќе се случува е само проверка и ова не значи дека има фантомски гласачи.
Владејачката парија во соопштенија доцна синоќа изрази став дека поддржува секаква одлука на ДИК која ќе е донесена во согласност со Уставот, законите и меѓународните стандарди
-Без разлика дали ДИК ќе одлучи да провери 35.000, 70.000, 100.000, 200.000, 500.000 или сите гласачи, СДСМ ќе ги изгуби следните избори, заради тоа што право на глас во Република Македонија имаат сите нејзини граѓани и тоа не може да им биде одземено. ВМРО-ДПМНЕ денес соопшти и останува на ставот да даде целосна поддршка за проверка на колку сакаат граѓани, ако ценат дека треба да се проверат и сите над два милиони жители ние немаме никаков проблем со тоа и тоа ќе го поддржиме, стои во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ, нагласуваат од партијата, ќе ја поддржи секоја одлука на мнозинството на ДИК, а во насока на транспарентно и темелно проверување на избирачкиот список.
-За да не се стекне погрешен впечаток дека има било какво влијание врз одлуките на ДИК, ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да ги прифати сите можни одлуки што ДИК во поглед на проверката на Избирачкиот список ќе ги донесе. Доколку е неопходно нашите два члена не мора ниту да присуствуваат или да го користат своето право на глас во комисијата по однос на оваа точка, стои во соопштението.Задачата на Чауш всушност била да креира фалсификати од документи на непостоечки гласачи кои СДСМ потоа ќе ги аргументираше со овој хаос што го соз