СДСМ ги користи алатките кои што се под нивна контрола, како што е Специјалното јавно обвинителство, за да замолкне слободни и независни медиум, изјави членот на Македонската асоцијација на новинари, Цветин Чилиманов на денешниот собир за поддршка на ТВ Нова од колеги и граѓани.-За нас е крајно симптоматично тоа што СЈО почна да се интересира, да води истраги и да бара притвор за сопственици на телевизии и за луѓе кои што се влијателни во медиумскиот бизнис, истакна Чилиманов.
Вели дека токму поради политичката ситуација во која се наоѓа Македонија, СЈО врши притисок врз ТВ Нова, додавајќи дека постојат силни индиции оти СЈО работи под политички притисок на СДСМ.
Новинарот изрази солидарност со колегите од телевизијата.
-Ние како новинари изразуваме солидарност со колегите од ТВ Нова, кои што на овој начин се ставаат под притисок, за да не известуваат за секојдневните протести, да не известуваат за отстапките кои се прават во преговорите за формирање на владата, за отстапките кои што не беа најавени пред изборите, за оној револт на граѓаните, кој што гледаме дека излезе на улиците, посочи Чилиманов.
Потенцира дека мора да и се дозволи на ТВ Нова слободно и непречено да продолжи да работи и да известува.-За нас е крајно симптоматично тоа што СЈО почна да се интересира, да води истраги и да бара притвор за сопственици на телевизии и за луѓе кои што