Сите членови на Државната изборна комисија гласале за тоа дека до претседателот на Собранието Трајко Вељаноски треба да се испрати писмо во кое ќе се бара промени во Изборниот законик. Ова всушност значи дека ДИК од Вељаноски бара да се свика Собранието и да се одложат изборите закажани за 5 јуни. Со ова барање од ДИК очекуваат дека Трајко Вељановски ќе го свика Собранието на кое ќе има задача да го измени Избирачкиот законик со што би се променил датумот на избори. Сепак барањето кое ДИК го испраќа до Трајко Вељановски нема обврзувачки карактер и не е основ за повторно свикување на Собранието.
Вакво барање ДИК испрати и минатата година, но тоа не резултираше со свикување на Собранието и измени на Избирачкиот законик. Тогаш, бројот на запишани гласачи бил 1.801.189, а и тогаш како и сега СДСМ го има потпишано овој извештај потврдувајќи ја веродостојноста на истиот.
Последниот извештај за состојбата на Избирачкиот список исто така е потпишан од претставниците на СДСМ во ДИК со што истиот го признаваат, но според нив бројот од 1.804.348 запишани гласачи е спорен поради 5.000 албански државјани во Македонија, од кои 4.000 се албански невести мажени во државава. Овој факт, покрај тоа што преку потписот го потврди СДСМ, го потврди и Бедредин Ибраими претставник на ДПА во ДИК.
Извор: infomax.mk Со ова барање од ДИК очекуваат дека Трајко Вељановски ќе го свика Собранието на кое ќе има задача да го измени Избирачкиот законик со што би
Пронајдете не на следниве мрежи: