Пишува М-р Владимир Атанасов- член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.,,Советот за култура,, на СДСМ се разбуди од длабок сон. И замислете, ни нудат КУЛТУРА како дел од ,,новата програма,,. Толку длабоко навлегле во својот сон што Советот го преспал целиот овој период, периодот кога тие беа на власт и ,,управуваа,, со културните политики, па дури и периодот кога ВМРО-ДПМНЕ го издигна терминот култура на највисоко ниво.
До кога и до кој степен ќе оди СДСМ со овие обиди за да се сврти вниманието на јавноста од нивното отсуство и нивната безидејност во правец на унапредување и вложување во културата?
До кога СДСМ ќе покажува загрижувачки степен на непознавање на општи работи од областа на културата, непознавање на проблематиките од областа на заштита на културното наследство и висок степен на неинформираност?
За жал овие работи, беа, се и ќе бидат главни карактеристики на културните политики на СДСМ.
СДСМ во своето владеење за културата на македонскиот народ може да се пофали со целосна културна апатија и длабока културна катастрофа. Во времето на владеењето на СДСМ, културата беше во ултра хорор издание, поставена на маргините на државната политика . Период кога се постави рекорд во дефицит во културните установи, рекорд по невработеност во македонските театри, опера и балет, македонската филхармонија и заводите и музеите. Ова е период кога македонските артисти, уметници и творци се соочуваа со нерегулиран статус, невалоризирани трудови, ниски примања, немање можност за стимулативни мерки. Уметниците твореа во стари и дотраени објекти со најниска опременост и технологија во најсиромашни услови. Ова е период кога се случуваа и најголемите организирани нелегални ископувања на археолошкото богатство а археолошките наоди се движеа во непознат правец. Период кога културата претставуваше гнездо на соработници на тајните служби.
Или поконкретно: Ниту еден заштитен споменик на култура, ниту еден обновен дом на култура, ниту еден изграден театар, музеј или објект кој ќе биде место за творење култура, ниту еден откриен, истражен и заштитен археолошки локалитет, ниту една преведена стручна книга во оваа област, ниту еден вреднуван и награден труд на македонски уметник.
СДСМ се стекна со титулата креатор на безидејноста, црниот период и заборавот на македонската култура.
Зар не ви е срам вие да зборувате за култура? И не само што не се срамите од тоа што немате ништо создадено, туку вие и уништувате културни добра преку варварски ,,шарени,, револуции.
Додека од друга страна гледаме дека за ВМРО-ДПМНЕ културата е основна вредност во општеството и претставува стратегиски интерес. Една од најголемите нејзини идеологии.
ВМРО-ДПМНЕ во минатиот и тековниот период континуирано работи во областа на културата. Се издигна вистинска културна преродба. Реализирани се големи капитални проекти, изградба на бројни објекти кои се во функција на остварување на културата, се потикнува врвното уметничко творештво, се изгради систем на културни вредности, создадени се услови за дистрибуција и рецепција на културните и уметничките добра, се реализираат инвестиции во развој на културното творештво и заштита на културното наследство, сведоци сме на капитални археолошки истражувања, се инвестира во правец на промовирање на автентичното културно наследство во државата и светот, реализирани се нови трајни вработувања, плати за вработените во култура се зголемија дури до 60% и сл. Се реализираа илјадници проекти кои веќе започнаа да го даваат својот прв резултат. Не очекува силна културна преродба во идниот период, нов модерен правец и развој.
Македонската култура доживува ренесанса, афирмација и препознатливост.
А најважно од се е тоа што, ГРАЃАНИТЕ ја препознаваат и вреднуваат оваа заложба.
Културата на македонскиот народ е, и останува вечна идеологија на ВМРО-ДПМНЕ!,,Советот за култура,, на СДС