Најголемата опозициска партија СДСМ губи дури и на своите анкети. Опозициските медиуми денеска пренесуваат анкета на српската агенција Фактор Плус Адриа според која опозициската партија губела со само 4,3 отсто. И според штелуваната анкета, ВМРО-ДПМНЕ има рејтинг од 28,9 отсто, а СДСМ од 24.6 отсто.Резултатите на ваквата анкета покажуваат помала разлика во рејтинзите меѓу двете најголеми политички партии споредено со сите претходни релевантни анкети, почнувајќи од таа на реномираниот Интернационален Републикански институт од САД, преку анкетата на Брима Галуп па се до институтот ИПИС.
Причината за ова лежи во тоа што оваа српска агенција е блиска до агенцијата Рускин и Хант која што е компромитирана ПР-агенција која во српските медиуми се оценува како продавачи на скапа магла, и чии луѓе го советуваат и лидерот на опозицијата Зоран Заев. Дури и на ваквата штелувана анкета Зоран Заев и СДСМ губат односно ниту продавачите на скапа магла не може да го избегнат фактот дека Заев има очајно слаба поддршка од граѓаните.
Медиумите веќе објавија дека белградска врска го советува лидерот на СДСМ. Повеќе месеци во редовни тајминзи, најмалку еднаш во две недели, тројца луѓе со џип со српски регистерски таблички доаѓаат во штабот на СДСМ на средба со раководството. Воедно, многу набрзо по објавувањето на оваа информација, екипата на неделникот „Република“ го „улови“ џипот како го напушта седиштето на СДСМ. Тоа се луѓето од белградската врска која на СДСМ и Заев им нуди помош во односите со јавноста и помагале во креирање на стратегиското дејствување.
Во целата логистика, клучни биле тројца луѓе: Иван Бендер, Милјан Шчекиќ и уште еден познат естраден менаџер. Тогаш објавивме дека Во близина на централата на СДСМ на улица „Павел Шатев“, периодично се слушале разговори на висок тон од партиското седиште. Тие разговори неколкупати завршувале и со силни кавги и со викотници во кои на српски јазик се посочувало на „неспособност“, како и дека било потребно „водење на интелигентна политика“. Според сознанијата, Заев бил и прекорен да не се излетува пречесто со изјави, особено затоа што е политичар зад кој се провлекуваат низа афери.
Дека ова е проѕирен обид за замајување на јавноста покажува и фактот што не е возмозно било која странска агенција да има примерок на испитаници во Македонија. Тоа е основно правило во испитувањето на јавното мислење, поради што агенции како ИРИ користат домашни агенции кои вршат испитувања за нивните потреби.
Дополнително на ова, меилинг листата по која се испратени резултатите од истражувањето е идентична на онаа што СДСМ ја користи при испраќање на соопштенија, реакции и известувања. Ова отвора сомнение дека и резултатите од испитувањето на Фактор Плус Адрија е испратено од страна на СДСМ.
Резултатите од последната анкета на престижниот институт Брима Галуп покажуваат дека СДСМ се соочува со слаб рејтинг и недоверба кај граѓаните.
Огромна поддршка и повеќе од двојна предност има ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ, односно доколку следната недела се одржат нови парламентарни избори за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 36.8%, а за СДСМ повеќе од два пати помалку односно 15.7%.
Речиси 5 пати повеќе, односно 56.6% од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ би победила доколку се организираат предвремени парламентарни избори на кој би учествувале сите партии, а само 12.4% сметаат дека тоа е СДСМ.
Свесен од недовербата која ја ужива кај граѓаните, Заев продолжува со кризата поради која страда економијата. Со спроведување на неговото црно сценарио Заев посакува освен политичка и економска криза која би резултирала со помалку вработувања, застој во земјоделието, во индустриското производство и со сите проекти од кои граѓаните имаат корист.
Дека со СДСМ македонската економија нема да напредуваат мислат и граѓаните. Според нив убедливо ВМРО-ДПМНЕ е партијата со која државава економски ќе оди напред. Дури 50,8% од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ економски ќе ја води подобро државата напред наспроти, 20,1% кој сметаат дека тоа е СДСМ.Резултатите на ваквата анкета покажуваат помала разлика во рејтинзите меѓу двете најголеми политички партии споредено со сите претходни релевантни