Европратеникот Ричард Ховит не остави ниту трошка сомнеж какви и чии интереси застапува изминатите години, како дел од тројката европарламентарци кои ги подготвуваа извештаите за Македонија, пишува порталот Република.Искористивајќи ја позицијата која ја има како известувач во ЕП за напредокот на Македонија, а во рамки на прошталната посета, Ховит отворено застана зад политиките на СДСМ во македонското предизборие. Зборувајќи на партискиот конгрес, тој отворено им посака успех на изборите, како и без задршка насочувајчи се против конзервативните партии, пишува Република.
– Чест ми е да зборувам на овој конгрес и да и посакам на СДСМ успех на изборите кои следат. Конзервативните партии ширум европа потфрлаат. Нашата и ваша политичка мисија е да ги натераме луѓето да гласаат за економска транспарентност и социјална правда. Глас за СДСМ на овие избори е глас за здравствена грижа, глас за образованието, глас за работни места, за јавни сервиси, глас за повисок животен стандард за сите кои живеат во Македонија- вели Ховит, кој претходно на Заев и Шекеринска им дал „ силна поддршка на напорите на СДСМ за обнова на демократските процеси во Македонија“.
Ховит не само што присуствуваше и говореше на последниот партиски конгрес на СДСМ, туку е дел од секоја поголема нивна партиска активност. За потсетување, Ховит беше дел и говорник на протестите на СОРОС/СДСМ лани во мај, заедно со докажаниот антимакедонист Бугаринот Сергеј Станишев.
Во работното досие на Ховит како известувач за напредокот на Македонија стои забележано дека во почетокот на 2014 година тој ја отвора темата за двојазичност, она што сега отворено го пропагира Заев. Во предлог- Резолуција за Македонија за таа година прво го избриша македонскиот јазик, па се обиде да вметне двојазичност преку промовирање на инклузивно двојазично образование, а по острите реакции Ховит се правдуваше дека не бил разбран.
Доколку пак се отвори интернет страницата на европратеникот од редовите на британската лабуристичка партија Ховит, на која се вградени и неговите објави од Твитер профилот, може да се забележи дека за овој отворен лобист на СДСМ главните активности се поврани со Социјалдемократите од Македонија.
Оттука, нема сомнеж дека секое негативно влијание на Ховит во извештаите за Македонија во Европскиот Парламент беа многу повеќе израз и желби на Заев и на Шекеринска од СДСМ, отколку извештаи кои ја пренесуваат реалната состојба во земјата.
Во таа насока и пораките упатени од Ховит деновиве, по конгресот на СДСМ и по прошталната посета на СЈО, не се ништо поинаку од повторувања на барањата на СДСМ кои излегуваат од рамката на Договорот од Пржино, Договор за кој посредуваше и самиот Ховит.
Ова е негова последна година како европратеник. Ховит, кој е еден од пратениците со најдолг стаж, го најави своето повлекување на почетокот на септември. Според се она што го остави како сработено во мандатот поврзан за Македонија и неговиот однос со СДСМ, мандатот на известувачот Ховит може да се дефинира како негов брак од интерес со СДСМ, а на штета на Македонија.Искористивајќи ја позицијата која ја има како известувач во ЕП за напредокот на Македонија, а во рамки на прошталната посета, Ховит отворено
Пронајдете не на следниве мрежи: