Беше видлив обидот на СДСМ и на нивните сојузници да ги променат резултатите преку т.н. изборен инженеринг, но и тоа не им успеа, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју за ТВ НОВА.„Ги вложија сите максимални напори, но и тука коалицијата на ВМРО и коалицијата „За подобра Македонија“ успеја само заради поддршката на народот. Главна карактеристика на нашето работење во изминатиот период беше тоа што се потпиравме на народот. И кога се потпирате на народот, тоа го правите откако претходно сте убедени дека сте на таа позиција за да му помогнете на тој народ. Поради тоа во изминатите години бев фокусиран на економијата, инвестициите, отворањето нови работни места, земјоделието, образованието, апарати за здравството“, потсети Груевски.
Додаде дека како партија секогаш ја сфаќале политиката како можност да ги услужат граѓаните, за разлика од СДСМ кои на неколку наврати го изневерија народот и како последица на тоа тој тешко тешко им возвраќа со поддршка.„Ги вложија сите максимални напори, но и тука коалицијата на ВМРО и коалицијата „За подобра Македонија“ успеја само заради поддрш