СДСМ и опозицискиот лидер Зоран Заев сфатија дека специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и СЈО не успеаја да направат ништо, бидејќи за нејзините сомненија нема никакви докази и јавноста сфати дека се конструира политичка хајка.Темата што Заев и СДСМ сакаа да ја наметнат за наводни изборни нерегуларности, од јавноста и експертската јавност беше прочитана уште вториот ден. По кривичните пријави за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и генералниот секретар на Владата Кирил Божиновски, народот ги прочита СЈО и Јанева дека политички одработуваат и затоа анкетите за СЈО се такви.
Резултатите од последната анкета на БРИМА ГАЛУП покажуваат дека дури 50% од граѓаните немаат доверба во Катица Јанева, за разлика од 32,4% кои го мислат спротивното. Огромното мнозинство од 35.4% сметаат дека Катица Јанева е поблиска до СДСМ, а само 1% сметаат дека е поблиска до ВМРО-ДПМНЕ. 19.9% сметаат дека таа следи упатсва и е под влијание на амбасадорите на САД и ЕУ.
Според познавачите, наметнувањето со темата за Устаниот суд е начин како да ја продолжат самите наводната афера со изборни нерегуларности, напаѓајќи го ВМРО-ДПМНЕ неосновано, а паралелно да отворат и простор за можност за синот на Зоран Верушевски, кој самиот одговара за педофилија.
Упатените коментираат дека не е исклучено зад ваквата тактика да стои лично Верушевски или пак српската агенција Фактор Плус Адриа, која воедно во јавноста објавува штелувани анкети, но дури и на тие анкети СДСМ повторно губи.
Оваа српска агенција е блиска до агенцијата Рускин и Хант која што е компромитирана ПР-агенција која во српските медиуми се оценува како продавачи на скапа магла, и чии луѓе го советуваат и лидерот на опозицијата Зоран Заев.
Медиумите веќе објавија дека белградска врска го советува лидерот на СДСМ. Повеќе месеци во редовни тајминзи, најмалку еднаш во две недели, тројца луѓе со џип со српски регистерски таблички доаѓаат во штабот на СДСМ на средба со раководството. Воедно, многу набрзо по објавувањето на оваа информација, екипата на неделникот „Република“ го „улови“ џипот како го напушта седиштето на СДСМ. Тоа се луѓето од белградската врска која на СДСМ и Заев им нуди помош во односите со јавноста и помагале во креирање на стратегиското дејствување.
Темата што Заев и СДСМ сакаа да ја наметнат за наводни изборни нерегуларности, од јавноста и експертската јавност беше прочитана уште вториот ден.