Опозициската СДСМ и медиумите под нејзина контрола во паника од претстојниот пораз почнаа да лажат и да обвинуваат доктори, болни и изнемоштени лица.ЈЗУ Геронтолошки завод 13 Ноември Скопје најостро ги демантира, како што се вели во соопштението испратено до медиумите, наводите во некои медиуми дека се издадени невистинити лекарски извештаи.
„Не се точни ни наводите дека директорот на установата е недостапен, бидејќи не е ни контактиран медиумите кои известуваат за наводниот настан. Како јавна здравствена установа достапни сме и отворени са сите пациенти кои имаат потреба од нашите услуги а медицинската документација е лична документација на пациентите и со неа располага секој по свое видување и потреби.
Инсинуациите за издадени невистинити лекарски извештаи се навреда за лекарите во Република Македонија и е обид за вовлекување и дискредитација на лекарите кои чесно и одговорно ја вршат својата професија, во дневно политички игри“, се вели во реакцијата.
Како што наближува изборниот ден, така СДСМ и медиумите кои се под контрола на опозицијата не можат да го сокријат стравот од претстојниот пораз, кој според сите анкети повторно ќе биде убедлив. И како пред сите други избори, СДСМ и соросовите медиуми повторно се во потрага по алиби за неуспехот кој ги очекува, па сега им се криви и болните и изнемоштени лица.
Свесни дека волјата на народот ќе претставува казна за целата деструктивна политика на СДСМ и Зоран Заев, кои две ипол години ја држат земјата во заложништво, паниката во опозициските редови станува се’ повидлива и поочигледна.ЈЗУ Геронтолошки завод 13 Ноември Скопје најостро ги демантира, како што се вели во соопштението испратено до медиумите, наводите во некои медиуми