СДСМ и помагаа на Јанева: Наместо неа, тие го образложуваа извештајот на СЈО

Откако Катица Јанева не спомна ниту збор околу извештајот за работата на СЈО, за кој што е и впрочем присутна на комисиската расправа во Собранието, пратеничката на СДСМ Рената Десковска искористувајќи ја репликата се стави во функција на специјална јавна обвинителка па започна да го образложува извештајот на СЈО.Впрочем, во својата реплика Десковска како личен адвокат и свесна за неспособноста за говорење на Јанева на секаков можен начин проба да ги прикрие сите скандали кои го пратеа СЈО и Катица Јанева во изминатата година.
Преку овој настап повторно се виде дека Специјалното јавно обвинителство и Катица Јанева се во директна служба на СДСМ односно дека работата на Јанева е што е можно повеќе да ја оцрни владејачката партија во корист на СДСМ.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски изјави дека пратениците на СДСМ држат долги реплики за да се троши времето со цел да се одложи Јанева да даде одговори.
-Ова е нарушување на демократијата, наместо СЈО да го образложува извештајот, тоа го прават пратениците на СДСМ, рече Димовски.Впрочем, во својата реплика Десковска како личен адвокат и свесна за неспособноста за говорење на Јанева на секаков можен начин проба да ги прикрие

Пронајдете не на следниве мрежи: