Затскривајќи се зад превезот на соросовиот Студентски пленум, СДСМ и СДММ сакаат да ги спречат денешните легитимни избори за студентски лидер.Фатена комуникација помеѓу членови на СДММ открива обид за минирање на изборите за нов студентски лидер, односно по наредба на потпретседателот на СДММ Дарко Каевски да се даде поддршка на таканаречениот пленум.
-Утре да се собереме во 11:45 пред платото на УКИМ да им дадеме поддршка на Пленум, потпретседателот Каевски рече да се организираме дека некни околу тоа со ректорот ептен зае*авме немаше ич луѓе, мора да ги спречиме СПУКМ и нивните уште две години да ги гледаме. Пренеси на твоите се гледаме утре, стои во комуникацијата помеѓу членови на СДММ.
Инаку, токму Дарко Каевски, потпретседателот на СДММ можеше да се забележи при обидот на студентскиот пленум да спречи избор на нов ректор на УКИМ пред неколку дена.
Изборите за нов студентски лидер започнаа утрово во 9 часот и засега се одвиваат мирно. На 23 факултети од скопскиот универзитет се поставени изборни кутии, во кои студентите го оставaат својот за глас за еден од двајцата пријавени кандидати за позицијата претседател на Студентскиот парламент на УКИМ.
Стефан Василевски, кој ја има поддршката од шест матични студентски парламенти е едниот кандидат, додека неговиот конкурент е Давор Поповски, студент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНKИ), зад кого застанаа седум матични студентски парламенти.
Гласањето трае до 16 часот.Фатена комуникација помеѓу членови на СДММ открива обид за минирање на изборите за нов студентски лидер, односно по наредба на потпретседателот на