Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, по тричасовен распитот во Основниот суд Скопје 1 – Скопје за случајот „Тврдина“ изјави дека е сосема спокојна и дека не направила ниедно кривично дело.Јанкулоска повтори дека не се чувствува виновна и рече дека СЈО води политичка пресметка во име на опозициската СДСМ, со нивните неистомисленици на кои им се ставаат на товар конструирани случаи.
Спорeд Јанкулоска, фактот што денеска обвинителите од СЈО побарале изземање на судијката од овој случај поради политички причини е потврда дека ова обвинителство работи под диктат на СДСМ за политички поени во јавноста.
-За тврдењата СЈО нема никакви докази. Сите обвинувања се политичка конструкција, а не правна аргументација. Рече Јанкулоска и додад дека управувањето со таа опрема биле оперативно-техничко и тактички активности, кои ги воделе професионални лица.
Јанкулоска подвлече дека изминатите девет години работла совесно и чесно според законите.
– Сосема сум спокојна и немам направено никакво кривично дело. Народот е мудар и знае кој што сработил, рече Јанкулоска.
Инаку, според информации од истрагата, Специјалното јавно обвинителство побарало изземање на судијата на претходна постапка Александра Поп- Стефанија откако за неа кривична пријава поднесе СДСМ. Ова е уште еден координиран настап на СДСМ и СЈО. Кривичниот суд во изминатиот период беше под силен притисок од СДСМ и СЈО. На притисокот реагираше и Судскиот Совет.
Кривичната пријава на СДСМ против судијката Александра Поп- Стефанија е веројатно прв случај во историјата на македонското судство, политичка партија да отвори кривичен прогон против судија поради донесена судска одлука која не е по нивна желба.
По неколку дневните закани со кои СДСМ врши силен притисок врз судската власт, преку соопштение реагираше Зоран Караџовски актуелен претседател на Судскиот совет.
-За жал во Република Македонија дневните партиски препукувања се повеќе и се погласно се прекршуваат преку грбот на судиите и генерално судскиот систем. Судската одлука по својата природа може да предизвика незадоволство кај една страна. Но, не е исправно користејќи ги судските одлуки да се даваат предлози кои прозвучуваат како јавно искажана закана и сеење страв за целата фела. Сите што располагаат со релевантни докази за незаконско работење на судија тоа треба да го пријават во надлежно јавно обвинителство, бидејќи само на тој начин „политичарите и политикантите“ би докажале дека се за владеење на правото, а не за анархија, вели Караџовски.
Притисоците и заканите од страна на СДСМ врз судската власт траат подолго временски период, од нападите на нивни поддржувачи кон Уставниот суд, преку нивните општински организации, па се до јавни изјави на највисокото раководство.Јанкулоска повтори дека не се чувствува виновна и рече дека СЈО води политичка пресметка во име на опозициската СДСМ, со нивните неистомисленици на