СДСМ и СЈО се скарани со математиката

Во повеќе наврати досега јавноста сведочеше на една од послабите точки на опозицијата и нејзините соработници – станува збор за математиката.За да бидат работите појасни, треба да се постави уште една математичка задача за која не е потребно решение, туку едноставно ќе послужи како пример:
„ДИК објави список со 39.502 спорни гласачи, а СДСМ претходно тврдеше дека има речиси 500.000 фантоми. Земено со процентуалната застапеност на албански спорни гласачи во списокот на ДИК и зголемувањето на албански членови во СДСМ во последниве 2 години, дали тоа значи дека СДСМ е фантомска партија?“
Одиме понатаму. Во прислушуваните разговори од г-дин Зоран Заев, сопствените гласови си ги препознаа 86 лица. Тој тврдеше дека се следени околу 26.000 луѓе, а во бомбите беа пуштани повеќе од 100 пати телефонски разговори на лица од државниот врв – најмногу од Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески.
На прес конференција, Катица Јанева соопштува дека има обработено само 12 отсто од прислушуваните разговори и тоа сите од високи членови на ВМРО-ДПМНЕ.
Повеќе од јасно е дека конструирањео на судски процеси против политичари од државниот врв е само обид за елиминација на конкуренцијата при идни избори, за да се зголемат шансите за доаѓање на власт.
Единствено оваа едноставна калкулација е вистинита, со оглед на тоа што не содржи точни бројки и проценти со кои опозицијата би се фатила во најголемата лага досега.
За овој проблем пишува Милан Стефановски на Фејсбук, кој е безбедносен аналитичар:
За да бидат работите појасни, треба да се постави уште една математичка задача за која не е потребно решение, туку едноставно ќе послужи како приме

Пронајдете не на следниве мрежи: