Да се отстрани оградата на јужната граница и да се пуштат мигрантите слободно да влегуваат во Макеоднија, предлагаат неколку невладини организации на СОРОС.Невладините со писмо до државните инстутуции бараат итно отстранување на оградата која го спречува напливот на бегалци.
-Бараме оградата да се сруши! Бараме да се прекине со сегрегациски и дискриминаторски практики кои незаконски ги спречуваат луѓето заглавени на границите да бараат азил по безбеден пат, се вели во писмото потпишано од 16 невладини организации.
Интересно е што голем дел од овие организации се наоѓаат и на списокот потписнички на иницијативата за одложување на изборите кои беа закажани за 24 април која беше упатена до еврокомсарот Хан.
Во меѓувреме во Грција се погласно се говори за одговорноста на Грчаката влада за инцидентите на границата со земјава. Поранешниот вице премиер и министер за надворешни Теодорос Пангалос отворено ја обвини владата за нелегалниот премин на бегалците од Грција во Макеоднија.
Според него одговорноста за овонеделниот инцидент е не само на невладините организации кои делеле мапи и стимулирале уривање на оградата туку и на министрите во владата на Ципрас.
„Ако се странци, треба Грција да ги избрка од нејзина територија сите странци што водат политика на нашата територија, да ги прибере, да ги стави во авиони и да ги врати од таму одкаде што дошле. Во Данска, во Франција, како и да е, од таму од каде што дошле овие луѓе. Но ако се Грци, тогаш имаат сериозна кривична одговорност, вели Пангалос.
Македонија во изминатите денови презема дополнителни безбедносни мерки за да се спречи нарушување на безбедноста и суверенитетот на државата. По седницата на советот за безбедност макеоднскиот државен врв порача да сопре практитката за носење дополнителен број бегалци на јужната граница за да не дојде до нови и поголеми инциденти.Невладините со писмо до државните инстутуции бараат итно отстранување на оградата која го спречува напливот на бегалци.
-Бараме оградата да