Непознати лица синоќа ги искршиле прозорците на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.Ова е втор случај на уништување на прозорци и инвентар на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Кавадарци, откако пред точно една недела исто така беа демолирани партиските простории.
На денешната прес конференција од ОК на ВМРО ДПМНЕ во Кавадарци со став, дека ова е само показател на нервозата и паниката што владе кај СДСМ.
Полицијата го регистрирала случајот. Во билтенот на МВР стои дека синоќа околу 23 часот извршено е оштетување на штабот на политичката партија ВМРО ДПМНЕ .
Увидна екипа од ПС Кавадарци излегла на местото на настанот и се превземаат мерки за негово расветлување .
Од ВМРО ДПМНЕ очекуваат што поскоро да се најдат сторителите на вандализмот од синоќа и од пред точно една недела.
Инаку деновиве и во Струмица беше уништуван промотивниот политички материјал на ВМРО ДПМНЕ.
Покрај оштетувањето на банер , материјална штета беше предизвикана и на околните дуќани кои се во приватна сопственост.
Од полицијата велат дека се превземаат мерки за расветлување на сите три настани, пренесува Канал 5.
Ова е втор случај на уништување на прозорци и инвентар на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Кавадарци, откако пред точно една недела исто така беа демолирани пар