Координацијата заглави кај изборот на Претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.Досегашната пракса покажала дека претседател на Комисијата за изборите и именувањата секогаш бил од партијата со најмногу пратеници во Собранието. Во овој пратенички состав ВМРО-ДПМНЕ има најмногу пратеници.
Досега беше договорен составот на Комисијата за изборите и именувањата и тој е следниот: 6 члена од ВМРО-ДПМНЕ, 5 члена од СДСМ, 1 член од ДУИ и 1 член од Беса, односно вкупно 13 члена.
Комисијата има примарна улога во функционирањето на Собранието затоа што го предлага кандидатот за Претседател на Собранието кој потоа се гласа на пленарна седница.
СДСМ измислува нови правила и на координацијата кај Вељаноски бара да прекрши досегашната пракса и претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата да не биде од партијата со најмногу пратеници во Собранието.Досегашната пракса покажала дека претседател на Комисијата за изборите и именувањата секогаш бил од партијата со најмногу пратеници во Собранието.